fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Стојков: Кочани не доби гас, ниту старечки дом, ама градот го доби хотелот на градоначалникот

 
Почитувани, 

Пред неполни четири години Градоначалникот Николчо Илијев со слоганот ,,Живот во Кочани за сите’’ ја презентираше својата политичка програма со ветувања за капитални инвестиции во овој град на Истокот. Денеска сите ние сме сведоци како тие ветувања останаа само на хартија, со лукративна цел, само  да се седне на градоначалничка фотелја.

,,Гасот е еден од најевтините но и најеколошките енергенси воопшто, а гасификацијата на Кочани е еден од клучните проекти за развој на општината ‘’ – ова е сегмент од неговата политичката програма. Рокот за отпочнување на проектот е предвиден 2018 година, а во 2021 година  останува енигмата дали воопшто  се предвидени пари од општината потребни за техничката документација за гасификација како почетна фаза.

Изградба на Старечки дом “згрижувањето на пензионер“,  исто така беше негов адут со кој буквално  ги излажа граѓаните за да ја добие нивната доверба.

Освен пензионерите, ги излажа и професионалните актери, дипломирани режисери, културни дејци, на кои им беше ветено дека Кочани ќе добие повторно професионален театар.

Изостана и реконструкција на градскиот стадион Никола Мантов, ветување кое требаше да го реализира заклучно во 2019 година.

Како најголем проект во овој тековен мандат ќе остане во меморијата на Кочанчани,  пренамената на објект во центарот на градот,  кој популарно меѓу народот е наречен ,,Хотелот на Градоначалникот’’.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ  Кочани доби две директни странски инвестиции кои даваат егзистенција на 3000 семејства. Во време на СДСМ, нема ниту една инвестиција, ама затоа има илјадници  отпуштени работници од приватни компании. Сиромаштијата го зголеми степенот на криминал во градот, кој пак од друга страна предизвика етнички тензии, недоверба во институциите и  масовна миграција. Локалната власт се прави глува на зголемената стапка на криминал, иако граѓаните буквално молеа да се реши безбедносното прашање. 

Резултатот од владеењето на СДСМ е сиромаштија, криминал, зголемени цени на производите, масовни отпуштања од приватниот сектор, празни ветувања.

Време е да си заминат !

Последни новости