fbpx

Прес конференции

Ристески: Предлагаме измени во законот со цел рефундирање на средствата на граѓаните кои се лекувале од КОВИД-19 во приватна клиника

Почитувани,
Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за здравствена заштита.
Со овој предлог закон се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници.
Дополнително, предлагаме сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.
Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации.
Неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев ги втурна граѓаните во страшна сиромаштија. Граѓаните не можат да се тестираат на време, немаат пари за лекови, се чека за место во болниците и затоа Македонија се наоѓа помеѓу првите земји во црната статистика за смртност од КОВИД 19.
Сметаме дека под итно мора да се излезе во пресрет на граѓаните и со овој предлог на закон да се помогне пред се финансиски и на граѓаните кои се заразиле со КОВИД 19, но и на оние кои што се мачат со некоја друга хронична болест, а поради пандемијата предолго се ставени на листата на чекање.
Државата мора да биде во служба на народот. Граѓаните не смеат да трпат и страдаат, затоа што Филипче и Заев наместо да работат одговорно и совесно тие се развозуваат со моторцикли. Пандемијата не познава слободни денови. Таа е тука секој ден и секој изгубен живот е уште една трагедија во нечие семејство. 

Последни новости