fbpx

Прес конференции

Кусакатска: Над 10% од учениците нема да имаат можност да следат онлајн настава и да продолжат со образованието, бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници

Почитувани,

Мила Царовска, министер за образование и наука, најави дека ќе ги укинува печатените учебници, а учениците на располагање ќе имале електронски учебници. Царовска влегува во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа, министер за образование сама ги лишува од образование 10 проценти од децата, создава нееднаквост и едноставно им го укинува законски задолжителното образование! Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и сега ги исклучува од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици.

Ете толку, и според податоците со кои и Царовска настапува, сега за време на епидемијата, толку деца се исклучени од образованието. 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници. Во бројка, околу 25.000 ученици.

И ним министерката од следната година им ги зема учебниците од раце. Тие ќе бидат дискриминирани. Ја потсетуваме Царовска, дека година и половина не успеа за нив, за тие за неа „само 10%“ ученици да обезбеди електронски уреди и интернет, па и струја.

Како и секогаш, Царовска вината и обврските ги префрла на други, така и сега вели училиштата ќе обезбеделе и таблет библиотеки, или ќе печателе, принтале учебници. А, училиштата се под општините, општините се во долгови и немаат средства. Владата постојано ги сервисира, но тие пак се во долгови. Што ако сите ученици во училиштето побараат печатени учебници по сите предмети. Ќе им ги забраните?

Препорачуваме Царовска да помине во Студена Бара, Дедебалци, Враништа и бројни други места и да ги посети училиштата. Така ќе добие вистинска слика, и ќе и стане јасно што треба да стори.

Царовска, не случајно, учебниците се илустрирани и шарени, за децата да ја засакаат книгата и стекнувањето на знаења, за да ја засакаат науката, да можат да просперираат во животот, за да придонесат и за себе и за Македонија. За книги зборуваме, Царовска, за книги! Западните, современите, богатите држави фрлаат ли пари во ветер, што се уште печатат книги. Секакви, од учебници до енциклопедии и белетристика, се чуваат и обновуваат светски библиотеки, иако се може да има само во електронска форма? Тие нели се грижат за нивните идни генерации? За книги станува збор министерке, за книги и знаење!

Не им ја одземајте книгата на децата од раце, ниеден тендер, ниеден софтвер или платформа не вреди толку!

 

 

Последни новости