fbpx

Прес конференции

Три години откако Богоев најави адреналински парк, нетранспарентноста буди сомнежи

Интегрален текст од „Коментар на денот“ - Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош
 
Почитувани,
Три години откако Стефан Богоев го најави проектот Спортско – адреналински парк – Карпош, тој се уште не е завршен. А Богоев веќе планира да го издаде под закуп на приватен субјект кој треба да ја обавува дејноста.
За овој проект беше добиен грант од 55 милиони денари, а општината финансира дополнителни 6 милиони денари. Вкупно 31 милион денари, односно 1 милион евра.

Богоев има намера да го издава адреналинскиот дел од паркот, кој според нив чини 13.2 милиони денари, за кирија од смешно 0.5% од вкупната процената вредност на предметот на закуп.

Вашата нетранспарентност ренерира сомнежи за големи малверзации на повеќе нивоа.
Прво,паркот се уште не е изграден и нема технички прием ниту употребна дозвола.
Второ – Вредноста на целиот проект е 1 милион евра, Богоев вели дека адреналинскиот дел чини 220 илјади евра, тоа значи дека остатокот од паркот чини 800 илјади евра. Делот кој треба да чини 800 илјади евра согласно неговата изјава опфаќа 2 игралишта на песок, реновирање и реконструкција на постоечкиот скејт парк, детско игралиште, скверче од 140м2 и 70 дрва.
 
Терените на песок што беа направени во мандатот на Трајановски согласно проект добиен од Европската федерација, по сите стандарди  чинеа 2 Милиони денари или близу 33.000 евра за 1 терен. Изградбата на инклузивно игралиште за деца во Влае, со специјални реквизити, најголемо досега изградено имаше вредност од 50.000 евра или 3 милиони денари. За реконструкција на скејт паркот неуспеавме да обезбедиме соодветни податоци за компарација, но од експертите ни беше укажано дека нов скејт парк, со таа големина не би требало да чини повеќе од 50.000 евра.
 
Значи 2 игралишта на песок, едно детско игралиште, и скејт парк заедно чинат 166 илјади евра. Доколку на тоа го додадеме 220 илјади проценети за адреналинскиот дел од паркот доаѓаме до сума од 388 илјади евра.
Дали е соодветен заклучокот дека за 140 м2 скверче и 70 дрва потрошивме 520 илјади евра ?

Пола милион евра за 70 дрва и 
100 квадрати скверче. Дали ова не ви личи на злоупотреба на пари од грант и буџетски пари од општина Карпош? Понатаму, зошто беа излажани советниците дека објектот е впишан во имотен лист? Во имотниот лист стои за парцелите кои се издаваат дека едната е градена, а другата е дел од пат. Дали знаете дека согласно правилникот за утврдување на пазарната вредност  на земјиштето потпишан од Петре Шилегов еден метар квадратен на предметната локација чини 18,000 денари. Само земјиштето е со двојно поголема вредност од вашата процената вредност на целокупниот предмет на закуп.Што сака да скрие општината и Богоев со овој скандалозен закуп. Поднесени се барања за достапност на информации од јавен карактер. За процесот и документацијата којашто не беше приложена, поставете согласно закон и дајте ни ги документите. Ако нема ништо спорно, нема од што да се плашите.
 

Последни новости