fbpx

Прес конференции

Коментарна денот - Лефков: Додека фирми чекаат со месеци за наплата, Кочо Анѓушев сенаплати експресно 3.62 милиони евра за модуларни болници

 

Почитувани,

Кочо Анѓушев експресно се наплати за изградбата на модуларните болници.

Додека бизнисте на граѓаните трпат и чекаат со месеци наплата, додека нема поврат на ДДВ, велешката „Брако“ на Кочо Анѓушев експресно наплатила 3.62 милиони евра.

Имено вкупната вредност на договорот за изградбата на модуларните болници која го добила фирмата на Анѓушев е 4.5 милиони евра, а Анѓушев до сега се наплатил со префрлање на пари од посебна сметка на Министерството за труд и социјална политика во износ од 3.62 милиони евра.

Се уште не се завршени сите модуларни болници, односно активности се во тек на болниците во Ресен и Тетово, но Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра.

Владата да одговори дали ваквата брза наплата е пракса или станува збор за исклучок. Се сомневаме дека е исклучок, и дека Анѓушев се наплатил на најбрз можен начин.

Последни новости