fbpx

Прес конференции

Мицкоски: Здравјето ќе се запази, пописот е одложен за септември, ќе има измени во Изборниот Законик и на гласање ќе има фингерпринт терминали

Почитувани,
Првиот момент кога се одлучив да предложам тет – а – тет средба се водев од фактот да спасиме што е можно повеќе човечки животи и да превенираме што е можно повеќе македонски семејства кои што ќе се соочат со траумата додека практично ја поминуваат битката со пандемијата предизвикана од КОВИД вирусот, короната.
Врз основа на тоа можам да заклучам дека денешната средба и денешниот состанок е позитивен и успешен.
А, врз основа на тоа исто така сакам да додадам дека ја оставивме вратата отворена и за следни средби кои што доколку има потреба би се случувале во периодот кој што следи, бидејќи ние практично сме во војна со невидлив непријател кој што не бира ниту вера, не бира ниту нација, ниту пак боја на кожа.
И затоа е потребно да покажеме државотворен капацитет и капацитет со кој што како што кажав на почетокот ќе спасиме што е можно повеќе човечки животи и ќе превенираме семејни трауми.
Врз основа на ова што го кажав можам да се осврнам на темите кои што денеска беа разговарани.
Би започнал од измените во Изборниот Законик, се согласивме и веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот Законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст или т.н. фингерпринт терминали и очекуваме успешно да биде изгласано во рамките на Парламентот.
Понатаму, се согласивме да ги охрабриме преговорите односно групите кои што во рамките на Парламентот преговараат за останатите измени во Изборниот Законик како што се, измената на изборниот модел во една изборна единица, или доколку има други предлози, понатаму отворени листи за советници на следните локални избори, понатаму избор за градоначалник во прв круг со тоа што би бил задоволен, определен процент од вкупниот број на запишани избирачи во таа општина каде што се бира тој градоначалник, и последно се разбира тука се гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори се разбира надвор од ДКП односно дипломатско конзуларните претставништва, односно онаму каде што дозволуваат законите да се формираат избирачки места надвор од дипломатско конзуларните претставништва. И последно, тоа се имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Тоа е што се однесува до Изборниот Законик.
Втората тема беше работата во Парламентот и се согласивме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во рамките на Парламентот заедно со парламентарното мнозинство, на сите закони кои што се однесуваат на реформската агенда поврзано со интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ. И сите закони кои што се однесуваат на поддршката на стопанството, економијата, граѓаните и борбата против пандемијата. Тоа што во моментов е закочено во процедурите во Парламентот се согласивме дека треба да биде откочено односно заедно опозицијата и власта сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес и интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ, понатаму сите закони поврзани со поддршката во стопанството, граѓаните, борбата против пандемијата да бидат завршени оваа помош да стигне таму каде што е најнеопходна.
Третата тема за која што дискутиравме е процесот на имунизација на населението. Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на месец април по разно разни програми се очекува да пристигнат во државата, да пристигнат во Македонија од прилика околу 350.000 вакцини со што би се започнал процесот на масовна имунизација на населението. А, потоа со сукцесивно и во месец мај што би значело некаде од прилика два милиона дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани кои што би се вакцинирале во периодот кој што следува. Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите што е многу важно ќе се случи пописот и за тоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е планиран да се одложи за месец септември како можен период да биде 5 - 30-ти септември односно 25 дена.
Апликацијата со која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложени за втората половина од октомври.
Од прилика тоа беа темите, ќе ги повторам измени во Изборниот Законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст или познати во јавноста како фингерпринт терминали кои што се многу значајни за подобрување на демократскиот капацитет на самиот процес односно еден човек – еден глас, со што се спречува семејно гласање кое што во минатото беше пракса. Понатаму, работата во Собранието се разбира, информација околу имунизацијата на населението и последната тема одложување на пописот наместо сега во април да биде во септември и како можни термини се земаат 5-ти и 30-ти септември се разбира, а потоа сукцесивно на тоа и измени во Изборниот Законик.
Од прилика тоа беа темите за кои што денеска разговаравме. 

 

Прашање: Господине Мицкоски дали ова значи дека се договоривте дека законот за прогласување на законот за поништување на пописот ќе го подржат СДСМ што го предложивте вие?
Одговор: Технички како тоа во рамките на парламентот ќе помине ќе биде усогласено во рамките на самиот парламент да оставиме правниците да ја дефинираат процедурата но дека ќе треба да се одложи од Април за Септември ќе треба, сега како ќе оди таа процедура службите во рамките на парламентот пратеничките групи, правниците ќе ја дефинираат.
Прашање: Дали се разговараше за предлогот на Заев за влада?

Одговор: Не, немаше таква дискусија. Колоквијално беше споменато. Тоа се шпекулации во јавноста и оставам на сферата на шпекулациите дали ќе биде како што некои тоа го нарекуваа широка, концентрациона, тоа што ние го баравме во минатото како Влада на национален спас или експертска, во овој момент и на оваа средба немаше таков сериозен разговор.

Прашање: Дали договоривте да бидете конструктивна опозиција?
Одговор: Се согласивме дека е неопходен дијалог, довербата се гради и таа е двонасочна улица, конструктивноста е двонасочна улица. Бројките вакви какви што се во парламентот подразбира дека власта и опозицијата за сите важни процеси пред да бидат ставени на маса треба да изградат заеднички став. Тоа значи дека прашањето дали ќе бидеме конструктивна опозиција подразбира дали ќе имаме конструктивна власт. Ако имам конструктивна власт, ќе имаме и конструктивна опозиција. Тие две работи се една со други поврзани. Или во физиката тоа се вика акција и реакција. Тоа е Њутнов закон. Онаква реакција каква што имате, ќе имате таква реакција, спротивно насочена. Се надевам дека денеска ќе испратиме силна порака во овие тешки времиња за нашите сограѓани, кога луѓе губат животи, кога луѓе се соочуваат со пандемијата и живеат во силни трауми, дека најмалку што треба во овие времиња е политиканство. Да се бориме да спасиме човечки живот и што е можно повеќе луѓе од траумите кои се предизвикани од оваа пандемија.

Прашање: Изборниот Законик кога ќе е на дневен ред?
Одговор: Врз основа на тоа што минатата година и минатиот состав на парламентот сите политички партии ги изгласаа измените на Изборниот законик кој што вклучуваат примена на ваков тип на терминали за отчитување на отисок на прст, имавме консултации и денеска во рамките на парламентот имаше подготвителна средба кај спикерот во кои што беа присутни координаторите на пратеничките групи на сите парламентарни партии и се согласија дека во текот на утрешниот ден оваа точка ќе биде на дневен ред и ќе ја поддржат сите парламентарни политички партии.
Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ бараше експертска влада?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ не бараше експертска влада. Напротив, тоа не беше од нас кажано. Ние баравме експертска влада односно влада за национален спас создадена од експерти. Но, како што кажав на оваа денешна средба главниот мотив беше да спасиме што е можно повеќе човечки животи и да спасиме што е можно повеќе семејства од траумата кога ќе се соочите со КОВИД пандемијата. Не сакавме да политизираме, не сакавме да се занимаваме со политиканство. Едноставно сакаме да упатиме порака дека во овие моменти ни се важни човечките животи и борбата против пандемијата. И сите ако сакаме можеме заедно да постигнеме повеќе во таа битка, а она кое што јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и како би рекол лидер на опозицијата го побарав од другата страна наиде на одобрување. Се разбира во животот има моменти кога консензусот е многу важен и мислам дека оваа порака од страна на граѓаните ќе биде примена и наместо денеска ние да зборуваме за потенцијално загрозување на здравјето на граѓаните ,да зборуваме за дилемите околу тоа дали ќе имаме фер или нема да имаме фер локални избори, дали ќе имаме блокиран парламент. Мислам дека ова е силна порака, дека во овие тешки моменти најмалку она кое што им е потребно на граѓаните е политиканство. Она кое што денеска ние како порака треба да го упатиме како политичари, не зборувам само ние двајца, туку зборувам за сите останати политичари, е дека е потребно да спасиме што е можно повеќе човечки животи.
Прашање: Дали сите граѓани ќе бидат опфатени со законите?
Одговор: Секој граѓанин е важен, одбивам да дискутирам за политиканство, врз основа на она коешто јас го знам, а бев информиран од господинот Заев е дека во среда во рамки на Парламентот ќе има состанок помеѓу координаторите и ќе се разговара за ова што ме прашувате.
Прашање: Ваков тип на средби дали ќе има во иднина?
Одговор: Разговаравме дека и во иднина доколку има потреба од ваков тип на средби помеѓу мене и господинот Зоран Заев дека ќе има такви средби во иднина, зошто да не тоа да биде проширено и во поинаков формат. Но имајќи го превид карактерот и важноста на моментот, потребни се резултати, квалитет и квантитет.
Прашање: Ако добро разбрав апликацијата за самопопишување ќе остане отворена се до завршување на пописот до септември?
Одговор: На апликацијата за евидентирање на дијаспората.
Прашање: Значи ќе може да се попишува дијаспората до 30ти септември до завршување на пописот?
Одговор: Да, да ќе остане отворена.

 

 

 

Последни новости