fbpx

Прес конференции

Ако се е по пропис зошто шверцерски се тргна калдрмата и се гради бетонско здание од некогашната Менада, оставки веднаш

Интегрален текст од прес од изјава на Ирена Попова

 

Почитувани,

Власта на шверцерски начин во ек на полициски час ја извади калдрмата од Старата скопска чаршија – симболот на Скопје.

Без да ги праша скопјани, без да го праша еснафот, без да ги праша лицата кои живеат во непосредна близина на чаршијата, сама во стилот на авторитарна власт реши да руши во време на корона криза.

За власта ништо не е свето, ниту спомените на занаетчиите, старите скопјани, ниту пак на сите оние луѓе кои со години овде живеат и творат, а чаршијата им е неразделен дел од животот.

Пред да бидат преземени било какви дејствија кои значат трајно менување на ликот на чаршијата, власта морала да спроведе јавна расправа. Оние кои што велеа дека ќе дебатираат за се, сега покажуваат дека не дебатираат за ништо, прават како што сакаат, без да ги прашаат граѓаните.

Ваквото постапување отвора сомнеж дека владата и локалната самоуправа кријат нешто. Затоа ги повикуваме на јавен увид да ги достават сите документи и јавноста да се увери дали се гради по планот. Воедно додека корона профитерот Шилегов најавува дека ќе го руши Скопје 2014-та тука заедно со неговата централна власт руши плочник, а целата влада и инспекторот се неми пред градежната џунгла и здание што се гради кај некогашната Менада. И за ова Шилегов молчи, молчи и министерството за култура.

Шилегов и министерството за култура мижат и на десетици дивоградби среде чаршијата. Дали тие го преспиваат оваа незаконие затоа што штитат бизнис интереси, и дали тие се на нивниот платен список?

Вонредната состојба и полицискиот час не смеат да се злоупотребуваат и да се практикува самоволие од страна на власта. Македонија е држава на македонските граѓани, без разлика дали сме во вонредна состојба или не. Никој не е над граѓаните тие го имаат последниот збор. Одговорност за секаква злоупотреба ќе има. Министерството за култура должи одговори, а веќе одамна Шилегов должи оставка.

 

Последни новости