fbpx

Прес конференции

Дали Русковска по диктат на Заев го ослободи Кичеец ?

Интегрален текст од прес конференција и Одговор на новинарско прашање – Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитувани,

Додека коси пандемија на коронавирус и граѓаните не смеат да излезат од своите домови заради полицискиот час, притвореници излегуваат од притвор затоа што власта така сака.

Во саботата, за време на најдолгиот полициски час во земјава Рускоска го пушти на слобода Зоран Милески – Кичеец, за кој цела јавност виде како носи торба со изрекетирани 1.5 милиони евра, заедно со Боки 13.

Додека граѓаните гледаат да го спасат сопственото здравје, Заев и Спасовски го спасуваат Кичеец.

Случајот со милионски рекет, зад кој повеќе од јасно е дека се крие некој од врхушката на власта застана кај Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева.

Зоран Заев, кој беше директно посочуван дека знаел за случајот остана не допрен.

Дали зад ова ослободување на Кичеец се крие лично Зоран Заев!? Дали некој од врвот на власта се одолжува за примерниот однос на обвинетите!?

И дали Рускоска по диктат на Заев го ослободи Кичеец!?

Додека граѓани лежат во затвор за украдени ќебапчиња, луѓе кои цела јавност ги виде како изнесуваат торба со 1.5 милиони евра изрекетирани пари, се пуштаат на слобода.

Сите инволвирани во криминалите на власта треба да знаат дека прекршувањата на закон за време на вонредна состојба се исто така кривично дело, за кое еден ден ќе треба да се одговара.

Сите прекршувања на законот, заобиколување на процедурите и поигрување со правдата ќе бидат санкционирани

Новинарско прашање: Коментар во однос на привремените вработувања во Општина Бутел ?

Одговор: Партизацијата на администрацијата за време на оваа криза која ги затвори граѓаните во своите домови, кога државата најавува кратење на  плати заради финансиската криза како последица на коронавирусот е класичен пример за предизборен поткуп на гласачи. Кога нема медицинска опрема за заштита на докторите и тие се оставени сами на себе да се снаоѓаат за маски, за ракавици, за заштитни одела општина Бутел одделува половина милион евра за времени вработувања во општината. Никој не ги знае критериумите за избор за тие шот ќе бидат вработени на година дена, кои се работните задачи и за каков зголемен обем станува збор имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа државата.

 

Последни новости