fbpx

Прес конференции

Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп, да се спасат работни места, а не да се дели поткуп

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Дарко Костовски

Почитувани,

Владата на СДСМ задоцни со мерките за превенција од коронавирус. Растот на нови случаи веќе се мери во троцифрени бројки. Ненавремено преземените мерки доведоа до нови жаришта во Куманово и Прилеп.

Ситуацијата во овие два града излегува од контрола. Заразен е кризниот штаб во Куманово, заразени се лекари, а власта не презема ефикасни мерки.

Владејачката партија се се заплеткува владејачката партија во меѓусебни кавги и пресметки на сметка на народот.
Бараме итно прогласување на кризна состојба во Куманово и Прилеп. За заштитата на скоро 200.000 луѓе се работи. Здравјето пред се.

Наместо гол популизам потребни се реални мерки и за здравјето на граѓаните и за економијата.

СДСМ остави над 140.000 работници на улица, а сега им дава поткуп кој го нарекува хуманитарна помош за да се слика со нив.

Зоран Заев си тера политичка кампања во ек на пандемија, и кога сите страдаат, тој сака да профитира.

Наводната хуманитарна помош што ја делат не е ништо друго освен поткуп. Затоа и СДСМ молчи и не сака да ги покаже фактурите со кои е купена помошта, ниту кој ја купил.

Од однесувањето на СДСМ имаме сомнежи за голем криминал со хуманитарна помош, под чиј превез се прави огромен криминален поткуп.

Тоа е потценување на народот. Граѓаните имаат потреба од мерки кои ќе ги спасат нивните работни места, а намирници сами ќе си купат.

Ја повикуваме Антикорупциска и ЈО да го испитаат случајот со поткуп и да реагираат согласно закон. Овој политички поткуп во функција на нивната изборна кампања морс да се казни. Народот умира од корона а СДСМ тера кампања.

Наводната хуманитарна помош на СДСМ е само гол популизам, кој одамна е прочитан.

Последни новости