fbpx

Прес конференции

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Интегрален текст од изјава за медуими на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Почитувани,

Денеска бевме еве овде во Прилеп на состанок, на средба би рекол со регионалната стопанска комора. Разговаравме за проектите и содржината со фокус на економскиот дел, економската понуда од нашата читанка како што секаде ја претставуваме „Проект – Обнова“.
Зборувавме за предизвиците со кои што денеска се соочуваат би рекол луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп кои што се дел и членки на регионалната стопанска комора.
Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост.
Потоа зборувавме за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите. Зборувавме и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката. Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп.
Прашањe: Ако се исклучи ова со патот бидејќи долго време зборуваат стопанствениците од Прилеп дека се буквално отсечени од светот. Каде е на друго место е ставен фокусот како проблем?
Одговор: Има повеќе аспекти денешната средба. Тука зборувавме за овој предизвик кој што сме сите ние денеска соочени, а тоа е ковид пандемијата, како, кога ќе излеземе, како ќе излеземе, дали се предвидени определени мерки, потоа тука зборувам пред се и за фискалната политика, даночните ослободувања, политиката во делот на лиценцирањето, отприлика тоа се оние парафискални давачки, поддршката која што државата ја предвидува за компаниите за да излезат од овој период каде што сега се наоѓаат, така што отприлика тоа беше тема на разговорот.
Прашање: Какви се вашите очекувања за излезноста на изборите и со оглед на корона кризата и со ризикот на поголем дел од граѓаните заради атмосферата и пандемијата да не го исполнат односно да не го остварат избирачко право?
Одговор: Ценам дека излезноста ќе биде помала од вообичаената, како што сме навикнати во минатите години. Не очекувам дека ќе се реализираат оние сценарија и предвидувања од минатото дека ќе биде многу ниска, која што ќе се движи меѓу 40-45%. Ценам дека ќе биде повисока од таа. Можеби нема да стигнеме бројка како што беше тоа во минатото 65-67%, но ценам дека ќе биде кредибилна за да идната влада веднаш уште од првиот ден која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се зафати со структурни реформи и излез од моменталната ситуација во која што се наоѓаме.

 

 

Последни новости