fbpx

Прес конференции

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се увезува тутун во државата додека не се откупи последниот килограм македонски тутун

Сакам да се извинам за доцнењето но основна причина за доцнењето е она што го зборуваме во текот н целата кампања а тоа е нерешената инфраструктура и кон Прилеп, и кон Пелагонискиот регион, и кон Битола. Имено знаете дека експресниот пат кој што се градеше од Градско до Прилеп е стопирано од моментот на постојното патно решение има неколку семафори кои што навистина го прават патувањето невозможно.
Мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување за следните четири години, автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница.
Она што сакам денес да го истакнам е дека ќе имаме средба со културните работници тука во Прилеп, за мене исклучително значајна средба затоа што тука во Прилеп планираме да изградиме нов објект за театарот. Има навистина квалитетен театар во Прилеп, и има навистина добра публика и заслужуваат да имаат современ објект кој што објект ќе може да ги прими сите љубители на уметноста.
Понатаму, старата чаршија која во изминатиот период се повеќе е затворена, а се повеќе дуќани се празни заради економската ситуација, целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа.
Секако тука остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделието, пред се со откупот на тутунот. Споменам ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун.
Во исто време, пред недела дена споменав, но еве недела дена помина и немам никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата. Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај.
Тоа е нешто за што мора да има одговорност, пред се морална, а ако има основи секако и за кривична.
И последната работа која што сакам да ја спомена, со денови го правам овој апел се надевам дека од тука од Прилеп ќе бидам послушан, имено една од основните ветувања од нашата програма е враќање на владеењето на правото, како еден од најзначајните проекти е проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години.
Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија.
Значи, јавно го повикувам да ја направи таа работа да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на капиталот.
И последна работа, поврзана со медиумите, во изминатата недела имавме две покани од две национални телевизии за соочување за дуел на кои требаше да споредиме што имаме да понудиме во Четвртата изборна единица, но Заев два пати избега, го повикувам на кој сака медиум , во кое и да сака време да излеземе да ги споредиме нашата програма, онаа на СДСМ и да видиме дали граѓаните ќе дадат доверба за промени. Јас сум убеден дека промените ќе се случат на 15-ти јули со една масовна излезност. 

Новинарско прашање: Се сеќавате на она време каде се бегаше од дуели, сега вие велите Шеќеринска и Заев бегаат од дуели?
Одговор: Во однос на Дурловски мислам дека беше многу јасен дека тие имаа закажан дуел на кој Радмила Шеќеринска не се појави и човекот кажа дека не може да го губи времето чекајќи ја. Во оној момент, секако Дурловски ќе одговори директно, кога ќе усогласат термин убеден сум дека ќе присуствува.
Во однос на мојот дел со Зоран Заев имаше две уредни покани од две телевизии, ја отидов на двете но, Зоран Заев не дојде на ниедна. Знаете малку е дволично во едно друго време и во еден друг период СДСМ тогаш како опозиција критикуваше затоа што тогашните владини функционери не излегуваа на дебати, јас и тогаш критикував дека тоа не е добра пракса, па имам кредибилитет да зборувам ова, дури на еден од моите први јавни настапи како потпретседател на партијата, се имам извинето кон новинарите заради односот кој постоел претходно. Но мислам дека е дволично, пред четири години да зборувате дебати, дуели, а три години да бегате од истите. Се надевам дека Заев ќе се охрабри имаме уште 10 дена кампања да видат граѓаните, затоа што најлесен начин е да видат граѓаните е доколку се соочиме.
Новинарско прашање: Веста од Брисел ве направи ли по радосни за преговарачката рамка и како што велат бетонирањето на македонскиот јазик?
Одговор: Клучното прашање тука е кој е датумот за почеток на преговори, Заев излезе во 2018 година кажа дека летото сме добиле датум за преговори, после тоа се сликаа во владиниот авион, селфи си направија добивме датум за преговори, а датумот за преговори никој не го виде, па после рекоа дека сигурно во летото 2019 година добиваме датум за преговори, па дојде и помина летото 2019 година немаше датум за преговори, па после рекоа октомври 2019 година сигурно добиваме датум за преговори, помина октомври немаше исто така. На крај жими мајка сигурно во март месец 2020 година добиваме датум за преговори, но не се случи и тоа. И ги гледам сега пред некој ден ни срам ни перде се наредиле пред влада, добивме датум за преговори. Па еве тука од Прилеп јавно да ги прашам кој е датумот на кој Македонија ќе почне со преговори со Европската унија?
Јас посакувам да е тоа час поскоро, добро е за државата, добро е за сите нас и ние тоа сакаме да се случи , но во овој момент тажната вистина е дека три години Македонија со Зоран Заев не добива датум за преговори.

 

Последни новости