fbpx

Прес конференции

40% од министерките ќе бидат жени

 Носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова од пред музејот на Македонската борба истакна дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта, рамноправноста, знаењето и креацијата.
„Обнова на почита , родовата рамноправност , обнова на респектот на енергијата , знаењето креацијата , неискористениот ум на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери„ кажа Силјановска- Давкова.
Дополнително Силјановска- Давкова потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ се залага за рамноправна застапеност на жените во политиката и дека тоа е голем исчекор за демократијата во државата. Исто така Силјановска- Давкова порача дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот живот.
„Во обновата се вели дека 40 % од министерките ќе бидат жени . Ќе се согласите дека бројката не е македонска некако скандинавска како да е и ете и тоа е исчекор во поглед на сензибилизирањето на балканскиот машки воинствен милитантен свет појасна Силјановска – Давкова.
На крај Силјановска – Давкова кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со пример покажува дека го остварува тоа што го ветува а тоа е дека има жени кои се носителки на листата и многу вклучени во самите листи но дека во проектите се обврзува за исполнување на ветувањата од 40 % застапеност на жени во политиката
„Не само тоа и на листите како што гледате има повеќе жени одошто мажи и дури има две жени кои се носителки на листата а има неколку кои се втори или трети. За мене е тоа демократски исчекор и јас мислам дека доаѓа времето на жените во Македонија дополни Силјановска – Давкова.

.be

Последни новости