fbpx

Прес конференции

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повисоки плати за 25%, редовна исплата на субвенциите и развој на земјоделието

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, носител на Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета Општина Чешиново-Облешево од каде што истакна дека 15 јули е денот кога СДСМ и Зоран Заев ќе ги пратиме во политичка пензија затоа што тие луѓе ни го украдоа достоинството, гордоста, просперитетот и иднината и а украдоа надежта за подобро утро со што ги натераа младите да ја напуштат Македонија

- Она што ние ви го нудиме во оваа изборна програма се реални проекти, кои во предвидените рокови можат и мора да се реализираат и од тоа не смее да има отстапки.  Ќе работиме за  повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, ќе ги зголемиме пензиите за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, ќе ја намалиме невработеноста под 10%, но предвидуваме и многу други работи како поголеми плати за сите професори, наставници, за целиот кадар во образованието, потенцираше Јанушев.

Тој додаде дека тоа што е важно за овој регион и за Чешиново – Облешево, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите и  на олеснет пристап до ИПАРД фондовите.

- Се обврзуваме на поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло. Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, како и подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади, но и набавка на добиток од основно стадо, изјави Јанушев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за калибрирање и пакување на производите, мали винарски визби, мини млекарници и мандри и  мини погони за преработка на месо.

- Ќе биде поддржана изградба и опремување на капацитети за разладување, пакување и чување на земјоделски производи, за замрзнување и сушење на овошје и зеленчук. И уште многу други проекти за развој на земјоделието и за помагање на земјоделците.  Затоа  е важно на овие избори да се гласа, само гласот значи желба за промени кон подобро. Затоа од овде, од Чешиново – Облешево да им порачаме дека им се бројат деновите. 15 јули е за помалку од 20 дена од сега. Крајот е извесен. Ќе си ја вратиме Македонија на граѓаните. Гордо и достоинствено, нагласи Јанушев

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости