fbpx

Прес конференции

Време е да си ги вратиме честа, достоинството и гордоста

Денес носител на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посети споменикот на загинатите од 2001 година Лешок при што посочи дека по 15-ти јули со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат честа, достоинството и гордоста на граѓаните на Република Македонија.

„Дрвото на слободна Македонија е натопено со многу крв од борци и патриоти кои немерливо ја сакала. Денес ние ја живееме нивната жртва. Ја живееме независна и слободна Република Македонија“, нагласи Стојаноска.

 Стојаноска посочи дека денес сите ние имаме обврска кон децата кои што своите татковци ги гледаат само на фотографии, кон нивните мајки, кон нас и на нашите поколенија. Сите ние имаме обврска Македонија да ја направиме пристојно место за живеење.

„Ние се обврзуваме на сето ова. Жртвите низ историјата на Македонија, како и народот во неа и неговата иднина не се на продажба. Жртвите од пред 19 години како Ѓоко Лазаревски од Лешок ќе останат наша вечна лузна и спомен на еден од потешките периоди на современата македонска историја. Тие жртви се дадоа за наше подобро утре. И сега се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги. Подобро утре или ова модерно ропство на Заевиот хибриден режим. Јас нема да изберам да бидам роб во сопствената држава и да потклекнам на срамните политики на Заев“, истакна Стојаноска.

Стојаноска порача од славниот Лешок дека кандидатите за пратеници од изборна единица 6 се обврзуваат дека ќе ја исправат неправдата. Се обврзуваат дека ќе ја исправат Македонија. Време е да се врати честа, достоинството и гордоста.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

.be">
.be

Последни новости