fbpx

Прес конференции

Силјановска Давкова: Заштита на човековата околина и намалување на загадувањето се моите приоритети

Соопштение до јавноста

Носителот на изборна единица 1, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на денешната средба со жителите на општина Аеродром истакна дека за неа приоритет се поголемата заштита на човековата околина и намалување на загадувањето.

За време на претседателската кампања се залагав за поголема заштита на човековата околина, намалување на загадувањето, екологијата како основно човеково право. Уште тогаш се залагав овој проблем да се крене на високо ниво, како безбедносно прашање. Сега, се обврзуваме дека тоа прашање ќе биде приоритет, вели Силјановска Давкова.
Пред присутните Силјановска Давкова вети дека програмата обнова за Македонија ќе се справи со овие проблеми со кои се соочуваат жителите на општина Аеродром.
Тука во општината каде воздухот секоја зима е страшно загаден, каде зеленилото е бетонирано, ветуваме дека Обновата ќе се справи со овие проблеми. Ќе ја исправиме Македонија, ќе го исправиме Аеродром, порача носителот на изборна единица 1 Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека во проектот Зелена Македонија се обврзуваат во 30% зеленило на ниво на маало во деталните урбанистички планови, како и задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина при градежна активност се со цел да се решат проблемите со недостаток на зеленило и почиста животна средина за сите.
Се обврзуваме во проектот Зелена Македонија при донесување на урбанистичките планови за 30% зеленило на ниво на маало во деталните урбанистички планови, како и задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина при градежна активност, за да се реши проблемот со недостатокот на зеленило и почиста животна средина за сите, кажа Силјановска Давкова.

 

 

 


Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости