fbpx

Прес конференции

Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата ако сакаме просперитет

Гордана Силјановска Давкова, вечерва оствари посета на Кисела Вода при што кажа дека по 15 јули доаѓа крај на незаконието и криминалот.

Мора да се воспостави владеење на правото, тоа е есенцијата, ако сакаме просперитет, кажа Силјановска Давкова.

Таа покрај криминалите кои секој ден ги гледаме од оваа власт, посочи и на законските кршења кои ги прават, како што е случајот со изборниот законик, каде пишува дека од денот на објавувањето на изборите, до денот на завршувањето на изборите, не смее да се отвораат инфраструктурни објекти, патишта, не може да се делат субвенции, не може да се покачуваат плати и пензии, а сега гледаме дека се исплаќаат субвенции во очи избори, во надеж дека граѓаните се со кратка меморија и ќе заборават на неработата, сиромаштијата и криминалот.

Потребно е воспоставување на систем на вредности и почитивање на законите, тоа се работи на кои се обврзуваме, рече Силјановска Давкова.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости