fbpx

Прес конференции

Проблемите на граѓаните ќе ги реши ВМРО ДПМНЕ, нема друга партија што ќе вети а ќе оствари

Вечерва носителот на изборна единица 2 Владо Мисајловски се обрати од населеното место Бел Камен во општина Бутел од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ целосно ќе се заложи за решавање на сите горливи проблеми кои СДСМ изминативе 3 години не ги реализирал, а  ги ветил.

„Еве можам да ви ветам дека максимално ќе се заложиме и тоа не го кажувам колку да ви се додворам или пак за да гласате за ВМРО ДПМНЕ туку затоа што е човечки да се реши овој проблем.Знам дека има проблеми со две општини односно веќе и со централна власт но проблемот е локален односно локалната власт треба да го реши„  истакна Мисајловски. 

Дополнително Мисајловски потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ се обврзува за сите ветени проекти да направи реализација и дека таа е суштинската разлика помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „ За обнова на Македонија “ кажа Мисајловски.

„Живеам и јас во едно вакво место слично на вашево порано сум живеел во урбан дел сега живеам во порурален дел со истиот проблем и јас живеам.Во Ѓорче Петров исто така немаше 7 години ветен проект канализација тогаш обезбедив средства и почна да се работи но имаше слух од градоначалникот и направи проект. Јас ве убедувам дека ќе ги најдеме парите. Ако некој може да ги реши овие проблеми е ВМРО ДПМНЕ  нема друга политичка партија што ќе вети а ќе оствари. Се обврзуваме но треба да ни дадете доверба за да тоа да го направиме “  додаде Мисајловски .

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости