fbpx

Прес конференции

Се обврзуваме да оствариме се што сме ветиле

Носителот на изборна единица 2 Владо Мисајловски на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија “ вечерва од општината Чучер Сандево  кажа  дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги исполни сите ветувања кои ги дава пред граѓаните.

„Јас не бегам од проблемите дојдов да се соочам се разбира со проблемот вие што го имате. Ако се сеќавате во 2016 година чинам беше кога Нино Тодоров беше тука носител ме повика еден ден во врска со овој проблем што го имате тука не само тука на две населени места . Јас се обврзав да ги ставам во програма и ги ставив во програма но за жал не направивме влада “ кажа Мисајловски.

Мисајловски порача дека ВМРО ДПМНЕ и  коалицијата „За Обнова на Македонија “ се обврзува за сето она што го имаат граѓаните како проблем ќе се реши од страна на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.

„Еве јас можам тука јавно да кажам дека ќе го ставиме сето ова што вие ќе го кажете во програма и ќе го направиме. Знам дека години и години не е направено и не е во ред„  истакна Мисајловски.

Мисајловски дополнително додаде дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ ќе направи се за да ги реши најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на државата и на сите општини и места на живеење.

 „Јас нема многу да зборувам би ве оставил вас вие да кажете повеќе . Јас се обврзувам  дека оваа кампања неколку пати тоа ќе го спомнам иако се работи за локален проблем централната влада може да ги обезбеди средствата . Јас ве уверувам на првото формирање  на влада дека ќе ги обезбедиме сите средства потребни за проект“ потенцираше Мисајловски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости