fbpx

Прес конференции

Иднина не се гради без сочувани корени и без пренесен завет од колено на колено

 Дафина Стојаноска, Носител на изборна единица 6 денеска оствари средба со граѓаните од Волковија во општина Брвеница.

-Се наоѓаме Волковија општина Брвеница, тука се корените на мојот син, зошто тука се корените на неговиот татко, зошто тука е роден неговиот дедо и неговиот прадедо. Велат каде што се корените таму ти е домот. На нас од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија битни ни се корените за да знаеме кои сме и чиви сме и за да знаеме кои сме и од каде сме. Но и за да знаеме каде и како да продолжиме. Убава е Брвеница, убава  е Волковија, убава е цела западна Македонија. Тие се наша гордост и наш аманет од предците, но затоа треба да сме свесни дека иднина не се гради без сочувани корени и без пренесен завет од колено на колено. Македонија е нашиот завет, истакна Стојаноска.

Таа при средбата со граѓаните порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија  се обврзува дека Република Македонија ќе се исправи.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости