fbpx

Прес конференции

На 15 јули масовно да излеземе на гласање за да ја преземеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја кројат судбината

Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“  на втората Изборна единица, Владо Мисајловски беше на средба со граѓаните во населба Волково, каде што ја побара довербата за изборите на 15 јули.

Тој од граѓаните доби огромна поддршка и аплаузи при што на присутните им вети дека и после победата и формирањето на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тој постојано ќе биде меѓу нив, за лично од нив да ги слушне нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат.

Тој ги замоли граѓаните на 15 јули, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за заштита од корона вирусот, да излезат на гласање во што поголем број за да ја земеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја одредуваат судбината.

Јас планирам да oстанам во Ѓорче Петров, нашите деца да останат тука. Но ако седиме дома и само критикуваме нема да можеме да победиме. Затоа ви благодарам на сите што доаѓате, ви благодарам на сите што одвојувате еден атом од вашата енергија за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, порача Мисајловски.

Ги поздравувам, додаде тој, и оние кои што во минатото гласaле против нас и да им упатам порака дека секогаш се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ за да ни помoгнат, затоа што сите сме заедно во оваа битка.

Мисајловски упати порака и до политичките опоненти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие парламентарни избори и дека тие се добредојдени да им се придружат, затоа што ние сите сме луѓе кои што имаме една цела и една идеја, Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости