fbpx

Прес конференции

Кога се сака татковината се гради иднина

 Соопштение до јавноста

Дафина Стојаноска, Носител на изборната единица 6 заедно со неколку кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија денеска остварија средба со неколку приватни фирми во тетовско каде сопствениците на тие фирми потенцирале дека економијата е уништена и дека тие се оставени без помош од државата токму во ситуација кога државата треба најмногу да им помогне.

-Економијата е наука, и ако некој не може да направи таа да биде во полза на граѓаните, тогаш тој некој може да стане економски убиец на сопствената држава. Ете тоа е она што ни се случува наназад три години, затоа ни е потребна Обнова. Обнова која што ќе направи младите да немаат долг за утре, а истовремено тие млади денес да им се делат или да им се ветуваат некакви си ваучери. Тие ваучери не се ниту некаква милостиња, ниту некаков економски изум од сегашнава власт. За тие ваучери парите се наши и ние ќе ги враќаме долговите за нив. Затоа велам дека време е за сериозна обнова, обнова која што ќе не врати на високите места во ранг листа меѓу најдобрите, истакна Стојаноска.

Стојаноска од Тетовско порача дека иднината се гради кога се сака татковината  и затоа на 15 јули треба да избереме повеќе за секого и повеќе за сопствената татковина.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости