fbpx

Прес конференции

Јанушев: Со обновата предвидовме над 100 милиони евра поддршка за земјоделците годишно

Во посета на Штип денеска беше носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев каде кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена и потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

          „Она што го гледаме огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите . Луѓето едноставно се уморни доста и е од сите сивила од сите мочуришта во кој што не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите која што ја имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред се во однос на земјоделието. едноставно граѓаните се желни за примени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред“, истакна Јанушев.

          Јанушев како носител на изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ветувањата дадени пред земјоделците ќе бидат исполнети и дека земјоделците се ставени во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова за Македонија“.

          „Она што ние го ветивме пред земјоделците е континуирано најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка  за нив но и многу други проекти кои што ќе овозможат пред се подобро искористување на ИПАРД фондовите, но исто така помош при маркетингот на нивните производи. Но она што е најбитно и она што е најкруцијално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите а тоа ние како ВМРО ДПМНЕ го ветуваме и тоа за нас ќе биде завет, тоа за нас ќе биде аманет за да можеме да го направиме во следниот 4 годишен период“, рече Јанушев.

          Дополнително Јанушев додаде дека планирано е завршување на сите проекти воедно и инфраструктурни како патишта и слично кои беа запоставени од СДСМ. Носителот на изборна единица 3, Јанушев дополни дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин без исклучок.

„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.

          „Знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница. Овде сме ќе бидеме со граѓаните бевме во целиот овој период од 2 ипол – 3 години со граѓаните и понатака ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за доброто на сите. Буквално битен ни е секој еден човек. И во следните 4 години ќе се потрудиме ниту еден човек да не биде заборавен и буквално секој еден граѓанин да биде приоритет“, нагласи Јанушев.

Последни новости