fbpx

Прес конференции

Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат

 Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

После 66 дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме на моменти кога се воведуваа овие мерки. Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните.

Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува и слабата половична и потпросечна искористеност.

Повеќето средства отидоа кај големи компании додека средните и малите бизниси едвај преживуваат. Што се однесува до третиот пакет на мерки тоа е магла која владата ја сее пред избори. Тие говорат за пари, за средства кои не можат да ги исплатат и истите имаат манипулативна природа. Создаваат надежи кои не се во состојба да ги реализираат и од тука има една тажна но реална порака која секој бизнисмен ја разбира и си има работа со владата на Заев и Спасовски, а тоа е дека вистинска помош нема.

Заеднички за сето ова е дека владата троши пари. Но граѓаните и бизнисот не гледаат никаков бенефит од сето тоа. Парите се потрошија непродуктивно. А, нема ниту една компанија која е задоволна. Ниту еден единствен стопанственик кој објективно ќе го пофали ангажманот на владата. И состојбата не се подобрува, а тоа го говорат и најновите податоци кои ќе ги презентирам денес.

Имено, во текот на вчерашниот ден министерството за финансии го објави практично Извештајот кој што опфаќа реализација на Буџетот во првите 4 месеци т.е. периодот први јануари – 30-ти април, 2020-тата година. Кога се уште ефектите од вирусот Ковид – 19 или Корона пандемијата не се видливи во економијата.

Ќе започнам најпрвин со дефицитот кој што изнесува рекордни ќе потсетам рекордни 200 милиони евра или од прилика нешто повеќе од 12 милијарди денари. Како е тој дистрибуиран по месеци, во месеците јануари 20 милиони, во месеците февруари – март 50 милиони, и рекордни 80 милиони евра во месецот април. Тоа е доволен показател дека владата немала ниту во момент намера да помогне на граѓаните и бизнисот туку единствена цел била поткуп т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она кое што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ и Зоран Заев.

Само во првите четири месеци оваа влада и ова раководство на СДСМ го зголемија долгот на граѓаните за 1.8% од БДП. Наместо да имаме намалување на јавниот долг ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1.8%. Секое семејство го задолжија за од прилика 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. А, кога зборуваме за долгот би сакал да потсетам дека обврските кои ги имаме по однос на заемодавателите од минатото, а до крајот на годината треба да се сервисираат во износ од прилика 30 милијарди денари или нешто помалку од 500 милиони евра. А, обврските по однос на планираниот дефицит кој што владата ќе го направи до крајот на годината, почнувајќи од први мај завршувајќи со 31 декември се нешто повеќе од 34 милијарди денари или нешто повеќе од 550 милиони евра што значи дека до крајот на годината се потребни околу 1 милијарда и 50 милиони евра за да бидат сервисирани обврските кон заемодавателите со цел задолжување заради раздолжување и обврските кои што треба да се сервисираат по основ на дефицитот кој што ќе го има буџетот до крајот на годината. Тука не се опфатени првите четири месеци, а дефицитот до крајот на годината е составен како резултат на збирот на планираниот дефицит на почетокот на годината и намалените приходи во буџетот кој што ќе бидат до крајот на годината.

Тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон стопанството и тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година.

И третата работа која што сакам денеска да ја споменам и анализирам. Тоа е реализацијата на капиталните инвестиции бидејќи секаде ги гледаме од Владата со полна уста дека зборуваат за робусна и интензивна реализација на капиталните инвестиции тоа, нешто на кое ние како ВМРО-ДПМНЕ на почетокот од пандемијата, на почетокот од кризата силно апелиравме. Но кога станува збор за бројките тие се немилосрдни и го демантираат сето она кое што го зборува оваа лажлива Влада и функционерите кои што се именувани од оваа лажлива Влада.

А, какви се бројките? Во првите 4 месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Во 2019-тата година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11.25 проценти, кога немаме техничка Влада. Да потсетам тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018-тата година реализацијата на капиталните инвестиции е 14.23 проценти. во 2017-тата година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка Влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.

Во 2016-тата година кога исто така имаме техничка Влада капиталните инвестиции се реализирани во износ од отприлика 19 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.

Почитувани присутни,

Македонија преживува тежок период и со оваа власт нема да биде подобро затоа што не знаат, не умеат и немаат план. Ние сме различни од сето ова кое што е за жал наша денешна сурова македонска реалност. Нам интересот на граѓаните ни е пред и над се. Мора поинаку, мора подобро. На Македонија не и се потребни пакети за лажлив ПР туку вистинска помош на стопанството и оддржлива стратегија. Не и се потребни еднократни ад хок мерки туку сигурност план и стратегија. Ние тој план го имаме и тој план го понудивме на граѓаните, а на следните предвремени парламентарни избори повторно ќе го понудиме. На Македонија и е потребна обнова во секоја пора во ова општество и нова енергија која ќе ги решава вистинските проблеми. Имаме стратегија, а економијата мора да се развива, средствата да се трошат наменски со вистинска цел за развој на нашата држава. Гаранција за сето тоа е обновата која ќе ја започнеме и за која заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори ќе ја победиме оваа три годишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Дали е точно дека Зоран Заев ги прифатил сите барања од Бојко Борисов и Бугарија во замена Борисов да лобира кај дел од дипломатските кругови за Зоран Заев?

Одговор на новинарско прашање: Јас не знам дали е точно тоа ќе треба да одговори Зоран Заев, но позициите на нашиот источен сосед ги слушнавме, тие се јасно позиционирани повторени од страна на неколку државници од страна на нашиот источен сосед. Таков тип на информации кој што се зборуваат низ ходниците во Брисел стигаат и до мене. Јас не би сакал да верувам, но поучен од минатото кога се споменуваа жици, кога се колневме во најмилото, а потоа ги менувавме нашите ставови како налагаа политичките прилики и личниот и партискиот интерес, така можам да заклучам и сега дека нема да ме изненади доколку ја има можноста Зоран Заев да одлучува по тие прашања да ги прифати буквално сите позиции кои што се наметнати од страна на нашиот источен сосед. Но, сепак повторно ќе кажам тоа е на ниво на информации и шпекулации, доколку е тоа вистина тогаш треба самиот Зоран Заев да излезе дали тоа ќе биде повторно со некоја жица која што е гитара или нешто друго, тој треба да ви одговори. Но за жал искуството во минатото го демантира.

Новинарско прашање: Денеска Зоран Заев се пофали со видео спот за добро справување со корона вирусот, ваш став околу ова видео?

Одговор на новинарско прашање: Најпрвин ја користам оваа прилика на сите оние кои што беа во првите редови да се справуваат и ги изложија своите животи на ризик со пандемијата, која ја зафати нашата држава да им се заблагодарам, пред се тука мислам на медицинските лица, тука мислам на припадниците на министерството за внатрешни работи, армијата, на сите оние кои што секојдневно ги обслужуваа граѓаните во супер маркетите, во маркетите, во банките, сите оние објекти кои што функционираа и кои што практично ја движеа Македонија во овие 66 дена вонредна состојба, но и пред тоа но и претпоставувам така ќе биде и во периодот кој што следи. Јас не би сакал да го коментирам она лажно видео кое што го објави господинот Зоран Заев бидејќи навистина тоа би било под секакво ниво и би била класична злоупотреба на жртвата на овие луѓе кои што ја дадоа изминатиот период.

Но би сакал да коментирам две работи. Во светот денеска успешноста со справувањето со оваа пандемија ја детерминираат два индикатори. Првиот е за жал бројот на луѓе кои што го губат својот живот на милион жители и вториот е падот на економијата споредено со БДП во државата. Според првиот индикатор за жал ние сме водечки во регионот, први во регионот и морам да констатирам за жал тој тренд не се намалува, напротив вие бевте сведоци во текот на вчерашниот ден имавме тројца нови луѓе кои што за жал ги изгубија своите животи. Не знам како е денеска ситуацијата што се однесува до вториот индикатор, а тоа е падот на бруто домашниот производ и падот на економијата јас доволно говорев на денешната прес конференција, но не треба ние политичарите да говориме слушнете го само гласот на бизнисот и разговарајте со бизнис заедницата и со реалниот сектор они доволно ќе ви кажат во каква состојба денеска се наоѓаат и што очекуваат во периодот кој што следи. Состојбата е катастрофална. Ова не треба да бидат политички теми, ова не треба да бидат екранизирани во спотови, туку треба сите ние да се погледнеме во очи и да признаеме за слабостите кои што си ги имаме и тие слабости да ги претвориме во доблести во иднина, бидејќи ако навистина ни се случи втор бран од оваа пандемија и ако повторно ги повториме овие слабости, уште дополнително ќе ги разочараме нашите граѓани. Тоа не треба како политичари да си го дозволиме. Треба да седнеме отворено трезвено да размислуваме и заеднички да ги надминуваме предизвиците кои што се пред нас.

Новинарско прашање:Дали Зоран Заев ви понудил 5 јули да биде датум за избори и дали ќе барате лидерска средба пред истекот на вонредната состојба?

Одговор на новинарско прашање:Нашите позиции поврзани со предвремените парламентарни избори ги знае македонската јавност, исто така нашата позиција дека компромис треба да се постигне за интересот на граѓаните, во интересот на државата, но тоа не треба да биде по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникациија постои и јас не би сакал дополнителни коментари поврзани со тој канал за комуникациија, кој што постои денеска да изнесувам, бидејќи како што реков не сме сите исти и не се занимаваме сите со ваков тип на брифинзи. Доколку има договор и кога ќе има договор, ќе и го соопштиме тоа на јавноста, но повторно ќе кажам, здравјето на граѓаните треба да биде водилка за сите нас.

Второто прашање беше поврзано со лидерската средба, нашиот принцип е јасен дека датата за следните предвремени парламентарни избори треба да биде донесена со консензус на сите политички партии кои што седеа на таа маса, уште при првата лидерска средба која што ја организираше претседателот Пендаровски без разлика што во меѓувреме содржината на масата се измени и дел од кои што беа на таа маса се сега во коалиција.

Ние стоиме на тој принцип и не бегаме од тој принцип, исто така стоиме на принципот дека секоја вонредна состојба потребно е да се носи во консултација со политичките партии, иако за време на втората вонредна состојба тој принцип беше напуштен од страна на владата и претседателот Пендаровски. За втората состојба исто така ние имавме спротивен став бидеќи ако зборуваме за состојба каде што сме ја победиле пандемијата и сме лидери во регионот, тогаш не ја гледавме воопшто причината за прогласување на трета вонредна состојба. Но очигледно беше јасно, а тоа е да се донесе нова уредба која што треба на Зоран Заев да му послужи да се обиде да ги поткупи граѓаните и нивната поддршка за следните предвремени парламентарни избори. Тоа нема да му успее, бидејќи граѓаните знаат и нема никогаш да заборават тоа што го правеше ова пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев изминативе три години, а и овие дополнителни 1500 евра долг по секое семејство нема да ги заборават граѓаните, и жестоко ќе го казнат на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат.

Новинарско прашање: СДСМ вели дека ако нема договор до крајот на вонредната состојба, тие одат на избори на 21 јуни. Имате ли вие став околу тоа како би постапиле?

Одговор на новинарско прашање:Ние сме го кажале нашиот став по тоа прашање, консензус треба да има. Кога ја носеа уредбата немаше консензус бидејќи нашиот претставник во техничката влада беше воздржан, не ја подржи истата уредба. Доколку они ценат дека така треба да менаџираат со државата тогаш нека им е со среќа изборниот циклус.

Новинарско прашање:Дали после лидерската средба имало неформални разговори помеѓу Зоран Заев и Пендаровски?

Одговор на новинарско прашање:Канал на комуникација постои.

 

Последни новости