fbpx

Прес конференции

Економијата оди надоле, затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Покрај серија на прес конференции на власта за тоа како добро се живее и колку многу се помага на економијата, во реалноста имаме вистински хаос од проблеми, беспарица и тежок живот.

Тоа што лошо се менаџира кризата со корона е голем проблем. Но, подеднакво лошо дури и многу хаотично е во економијата.

Имаме три пакети на мерки и многу пластично можат да се споредат ефектите од нив. Бенефити нема, се полошо е во економијата а најновиот пакет мерки освен за пи-ар нема никаква корисна функција, односно може слободно да се каже дека претставува изборна измама. Имама која сега се вика трет пакет на мерки, а иста како онаа дека ќе имало просечна платат од 500тини евра, чист воздух, ќе дошол живот, ќе имало реформи во судството и правосудството, правда за секого, фејсбук и Гоогле ќе дошле ќе инвестирале во Македонија итн.

Единственото економско достигнување остварливо за владата е дефицитот и тоа е околу 200 милиони евра за 4 месеци. Секое домаќинство е задолжено со нови долгови, а граѓанинот исто како и бизнисот мака мачи да сврзе крај со крај.

Не е ова мегдан за добивање на политички поени, туку да се укаже дека вака повеќе не оди и дека економијата страда. А економијата оди надоле затоа што имаме опасна неспособност на владата на Заев и Спасовски. Само датумите се нови, а исти се лагите, невистините и манипулациите.

Во продолжение би сакал да се осврнам на неколку конкретни показатели врз основа на кои одлучивме на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски да се воведе вонредна состојба. На тој состанок постоеја две причини за да се воведе вонредната состојба и тоа првата беше поради тоа што имаше потреба да бидат одложени веќе закажаните предвремени парламентарни избори кои што требаше да се одржат на 12 април и втората беше дека е потребно да се донесе пакет економски мерки кои што ќе бидат помош за граѓаните, но и помош за стопанството.

Што се случи? Се донесе уредба со сила на закон за одложување на изборите кој што ја нема легитимитетот од опозицијата и за тоа зборував во неколку наврати изминатите денови за време на моите изјави кои што ги давав во јавноста, бидејќи ќе спомена уште еднаш техничкиот министер во Министерството за внатрешни работи не ја гласаше таа уредба од причини веќе познати на јавноста., а кога сме кај сетот економски мерки би сакал малку подетално да се осврнам на ефектот од истите.

Имено, денеска е точно 66тиот ден од воведување на вонредната состојба, нема да се задржам на уредбите со сила на закон кои што некому му донесоа лиценца за одгледување на марихуана, нема да ги коментирам уредбите за брусење на дијаманти или уредбите кои што требаше вонредно да извршат исплата на платите на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство. И нема да ги коментирам уште 10тиците такви уредби, ќе се задржам само на оние уредби кои што требаше всушност да бидат економска поддршка за граѓаните и за стопанството.

Во првиот сет мерки кои што ги донесе ресорниот министер и владата, две беа точките кои што беа клучни и тоа 50 проценти субвенција на придонесите и втората е одложување на аконтацијата на данокот на добивка за втората ќе повторам буџетски импликации нема, а за првата да има и во продолжение ќе ја запознам јавноста колкава е искористеноста на таа мерка.

Вториот сет на мерки беше мерката 14.500 денари помош за компаниите или минимална плата помош за компаниите за месеците април и мај и покрај тоа што ние како опозиција велевме немојте да го оставате стопанството 2 месеца без никаква помош, ајде да го вклучиме и месец март бидејќи стопанството мора да остане живо бидејќи само живо стопанство и реален сектор значат стабилна и загарантирана иднина за нашата држава и за нашите граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно беа предвидени 60тина милиони евра месечно помош во двата месеци, а тоа се месеците мај и јуни, т.ес месецот мај требаше да биде исплатена помошта за месецот април и месецот јуни треба да биде исплатена помошта за месецот мај и со тоа да бидат опфатени вкупно 250 илјади граѓани.

Но, каква е реалноста? Вкупно во месец мај помош за месец април добиле 17. 813 правни субјекти или компании или вкупно 110 илјади вработени што е за два и пол пати речиси помалку од тоа што беше предвидено со уредбата а во вкупен износ, а во вкупен износ се исплатени нешто повеќе од една 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра што е за нешто повеќе од 2 пати помалку од она кое што претходно го најавуваше владата. Економската поддршка за стопанството која што беше опфатена во првиот и вториот сет на мерки не само што не е исполнета и не само што не е испорачана како што била планирана и ветена пред стопанството и реалниот сектор туку е 2 до 2 ипол пати помала споредено со она кое што беше ветувано.

Сега доколку вонредната состојба заврши на 30 мај и доколку претседателот Пендаровски не одлучи да ја продолжи вонредната состојба од тој момент престанува на сила уредбата во која е суспендиран членот 8 а од Изборниот законик што значи дека помошта која што треба стопанството да ја добие во месец јуни, а се однесува за месец мај не може да ја добие доколку избори се случат во следните 60 дена започнувајќи од 31 мај завршувајќи во 31 јули. Уште една лага која што е испорачана од ресорниот министер, Заев и Спасовски.

Доаѓаме до најголемата лага а тоа е т.н. трет сет на мерки кој што четврти пат ни се најавува на четврта различна прес конференција од трана на ресорниот министер. Овој трет сет на мерки опфаќа три групи на мерки кои што ги предвидела владата. И тоа првиот е посветен на поттикнување на јавната потрошувачка и се однесува на помош кон граѓаните, вториот е исто така помош кон стопанството и третиот е помош кон земјоделието и земјоделците.

Третиот пакет мерки се всушност мерки кои се и онака дел од програмата на работа на министерството за земјоделие и не знам, на каков начин истите тие мерки кои од практично мерки кои се редовен план на работа во министерството за земјоделие стануваат антикризни мерки.

Но, кога станува збор за првата група од третиот сет на мерки, би ги издвоил следниве подгрупи, и тоа првата се 150 евра ваучер за граѓани коишто ќе бидат оценети по методологија која што се уште никој не ја знае како изгледа и каква е и ќе бидат исплатени ваучери по методологија која што никој не ја знае каква е и на кој начин ќе им бидат исплатени. И она што никој не го знае од каде ќе бидат исплатени тие средства.

Втората под мерка е 100 евра ваучер за туризам и 50 евра џепарлак, исто така не се знае која група на граѓани по која методологија ќе бидат опфатени и не се знае начинот и средствата кои што ќе бидат искористени и по која методологија ќе бидат исплатени овие мерки. И третата подгрупа се 100 евра за студентите и средношколци, основците се тука заборавени, не знам зошто, и 50 евра дополнителен џепарлак.

Сето ова има за цел да биде едно ветување предизборно во обид за поткуп преку еднократна мерка која што практично, а така веруваат во владата ќе обезбеди поддршка од страна на граѓаните кои што ќе бидат евентуални корисници на овие мерки по парламентарните избори.

Зошто? Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки, ќе важи и за третиот сет на мерки, односно веднаш после 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба а сите изгледи се такви дека нема можност за продолжување, членот 8 а од изборниот законик стапува на сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци кои што не се редовни месечни примања, се кривично дело кое што е казниво со закон и затворска казна од минимум 5 години.

Ја користам ова прилика, до сите оние кои што ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, сите оние кои што ќе се обидат да поткупат, сите оние кои што ќе сторат кривично дело ќе добијат кривична пријава.

А ја користам ова прилика и денешнава прес-конференција да ја повикам државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и антикорупциска комисија, да излезе со став за сето ова кое што изминативе денови по четврти пат од ресорниот министер и од владата им беше соопштувано на македонската јавност, им беше ветувани нешто што никогаш нема да се исполни.

Почитувани граѓани, би сакал да ја искористам оваа прилика, да споменам, да бидете спокојни, по завршување на парламентарните избори новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сето она што пред, беше земено како обврска од страна на оваа влада на СДСМ која што е во заминување, ќе биде исполнето.

Ние не сме влада која што носе еднократни мерки за поткуп. Ние сме влада која што има стратегија и јасен пристап како ќе се обнови Македонија после пандемијата со коронавирусот.

Да бидат спокојни и бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Да бидат спокојни и вработените ќе ги добијат ветените покачувања. Да бидат спокојни граѓаните ќе се изградат автопатите и ветените патишта. Да бидат спокојни земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции.

На нас ни е потребна стратегија, а не ни се потребни еднократни мерки. Да бидат спокојни докторите, младите, студентите, средношколците, основците, пензионерите, сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача и не само тоа туку и сето она кое пред вас го презема како обврска оваа влада во заминување предводена од двоецот Заев и Спасовски.

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Ќе има или ќе нема избори, вашиот став?

Одговор: Јас токму тоа го кажав на денешната прес конференција, дека ако е владата чесна во намерите и во ветувањата кои се во вториот сет на мерки и третиот сет на мерки, и ако навистина сака да ги испорача, тогаш избори не мора да случат 60 дена од престанокот на вонредната состојба. Тоа значи дека ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најкасно до 30 јули избори не може да има. Или втората варијанта, тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно за жал ги лажат граѓаните.

Прашање: Има ли преговори со владеачката СДСМ за датум за избори? Ќе има ли лидерска средба наредната недела?

Одговор: Тоа не зависи од нас, јас го кажав нашиот став како опозиција, предложивме дати и цениме дека тие дати се дати кои ризикот по здравјето на граѓаните ќе биде најмал. Се разбира организатор на таа лидерска средба е кабинетот на претседателот на Република Македонија Пендаровски, можеби тоа прашање е добро на него да му го поставите. Истовремено во неколку наврати овие денови кажав дека сме тука и подготвени сме за компромис, нашите позиции и аргументи се јасни, доколку навистина има други аргументи кои би можеле да ги прифатиме тогаш сме подготвени за компромис. Впрочем тоа е и нашето политичко функционирање, треба така да функционираме, да имаме разбирање и компромис. Ние со ултиматуми не работиме, ултиматумите кои беа кажани на масата дека или 21 јуни или нема избори, или избори ќе има без опозиција, слободно нека им се со среќа.

Прашање: Дали одговара 12 јули?

Одговор: Видете, не сме на квиз, ви го кажав сега моето мислење, мислам дека бев прилично јасен и прецизен.

Прашање: Има информација дека на некој начин претставниците на меѓународната заедница се вклучуваат во разговори? Сметате ли дека ќе биде неопходно странска инвестиција за разумен компромис меѓу владата и опозицијата за избори или ќе успее без нив да се договорите

Одговор: Благодарам на прашањето, јас немам такви информации дека има мешање на било какви претставници на меѓународната заедница во Македонија. Така да, верувам дека е ова уште еден дел на фолклорот шпекулации и манипулации што во јавноста се присутни.Па не, јас, мислам дека имаше информација од партијата, но еве бидејќи веќе ме прашавте, во принцип сакам да бидам човек кој што на дама нема да и одговори на таков начин на кој што она се обидува да манипулира, и за жал да иузгледам грубо и да кажам дека не ја говори вистината, можеби друг збор би употребил. Но еве бидејќи ме прашавте би сакал да ја кажам вистината. Откако излезе таа така наречена афера со оние обоени ракавици и така натаму, практично јас се јавив до министерот за Внатрешни работи, го побарав бројот од надлежниот во министерството бидејќи јас не го познавам органограмот, тој е човек и кадар кој што е поставен од претходниот министер, за да не излезе дека ние злоупотребуваме нешто во министерството , бидејќи поминаа неколку дена, почнаа да се лиферуваат секакви информации, да циркулираат секакви, навистина што е во ред, сега јас сум сепак јавна личност и нормално е да политичкиот противник се обиде да (….18:53) ме нападне, ценејќи дека со таква стратегија ќе го наруши мојот рејтинг, мојот имиџ во јавноста, но во ред , они избрале таква стратегија, на нив е дали таа стратегија ќе им донесе поени или нема да им донесе но она што мене ми беше важно како и секогаш во животот, да се дознае вистината. И тогаш го добив бројот од именуваното лице и му напишав порака, тоа е вистина. Пораката е со следната содржина: Здраво. Би сакал да се слушнеме. Христијан Мицкоски! Ја чувам таа порака. Потоа именуваното лице ми се јави, остваривме телефонски разговор, имајќи предвид и имам информации дека моите разговори се слушаат бидејќи беше на обична линија, покрај тоа што сум нели и физички следен, еве имаат од мене дозвола да го објават телефонскиот разговор кој што го направив со именуваното лице и да јавноста слушне, да види што барам јас. А што барам јас еве ќе ви прераскажам: Ве молам да постапите по закон и ве молам македонската јавност да ја дознае вистината час поскоро. Ве молам да постапите според закон и ве молам македонската јавност да ја дознае вистината час поскоро. Тоа е она што јас го побарувам од вас. Да бидат запазени сите процедури, се да биде по закон и сакам час поскоро македонската јавност да ја дознае вистината. Зошто ова го зборувам, затоа што еден ваков напад со конструирана содржина беше објавен пред првиот круг на претседателските избори за моите вложувања во хидроцентралите и итн. Неколку месеци потоа Антикорупциската Комисија брутално ги отфрли со индигација, и кажа јасно дека нема ниту било каков сомнеж за сторен криминал и корупција, ниту пак има било каков сомнеж за злоупотреба на службена должност. Истото претпоставувам сега пред овие избори се обидуваат да конструираат, да креираат и така натаму. Јас само барам луѓето кои што заработуваат плата, кои што добиваат плата од парите на овој народ, на народот да му ја кажат вистината. Бидејќи јас сум свесен дека овие конструкции, ваквите напади, ваквите невистини ќе продолжат бидејќи тие ценат дека тоа е легитимна кампања, против мене и против ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу ВМРО-ДПМНЕ. Во ред, со среќа, им посакувам на таквата кампања. Јас со тоа можам само со насмевка да одговорам. Но она што ми е важно и замолувам и до господинот со кој што имав телефонски разговор, и до техничкиот министер, ве молам најпонизно дајте извадете го разговорот или пак дајте решение за тоа што го конструиравте, македонската јавност да ја дознае вистината. Тоа е она кое што сакам да се случи, ништо повеќе.

Прашање: Која е причината да се јавувате во ВМРО и дали ви е криво што сте се јавиле на погрешно место? Од каде ви е информацијата дека ве следат бидејќи побарав да ја добијам службената белешка но ми рекоа дека е доверлив документ?

Одговор: Нашиот разговор не е строго доверлив. Вие имате информации дека го снимале нашиот разговор? Значи сигурни сте? Еве и од мене имате дозвола, дозволете сега, кажавте. Направивте една фикција лична, но ако вие имате такви информација, ја имам само основано сомневање, а Вас ве ценам како добро информиран новинар. И би сакал еве да ги замолите тие кои што ви ја дале таа информација слободно да го објават разговорот, а јас господине Фуркан, Ве почитувам и ќе ви дадам одговор секогаш и секаде ќе се јавувам за да вистината биде дознаена. Се сеќавате и на господинот Рашковски и пораки му праќав кога ценев и кога имав основано сомнение дека се случувале злоупотреби со сојузот на машинците кои се враќаат во земјата што подоцна во медиумите беше и докажано преку публикување на тие договори. И секогаш кога ценам дека има сторена неправда, злоупотреба, основано сомнение за кривично дело и му се нанесува неправда како во случајот што ми беше нанесена мене јас ќе се јавам онаму каде што ценам дека можеби според вас не било тоа вистинското место но очигледно дека еве неколку дена потоа, неколку недели потоа тоа било вистинското место. Бидејќи вас ви ја дале информацијата дека тој разговор е снимен, ве молам охрабрете ги и разговорот да го објават. Имаат од мене дозвола, еве кажувам јавно дека нема да го тужам господинот, ниту МВР ниту никој, слободно да го објават разговорот. Па видете излезе моја слика како спортувам и се симнувам од Водно. Видете јас во случајности, во политиката посебно не верувам, така да не би ја релативизирал и банализирал таа работа бидејќи веќе неколку наврати се случува излегуваат слики, да излегуваат материјали, констурирани видео материјали како овој што е со теретаната и така натаму, така што тоа на мене ми дава да се сомневам основано дека сум следен. И во ред повторно ќе кажам во ред нека следат нека сликаат, нека снимаат, нека слушаат и нека прислушуваат само да бидат чесни да ја објават вистината, тоа барам јас. Еве затоа велам нека не се плашат ниту госпоѓицата, заменик министерката за внатрешни работи именуваното лице објавете го нашиот разговор. Нема да ве тужам, сакам македонската јавност да ја дознае вистината.

Прашање: Заев тврди дека снимките кои се појавија на јутуб се од Александар Верушевски. Прашањето е дали вие се познавате со Александар Верушевски? Второ прашање ми е за заканите кои Зоран Заев ги упати кон Александар Верушевски, кон неговите предци?

Одговор: да се познавам со господинот Александар Верушевски, тој е грижлив родител и посветен сопруг, и она што можеби е значајно да го знае македонската јавност голем патриот. Кога ме прашувате за заканите на Заев кон Верушевски тука не би можел да дадам коментар бидејќи од та семејство закани по деца често пати доаѓале.

Прашање:Дали поддржувате 58 часовен карантин?

Одговор: јас не ја поддржував ниту за време на големиот православен христијански празник кога беше карантинот, за време на Велигден. Не ја поддржувам ни сега. Ценам дека е премногу и ценам дека и тогаш но и сега се потребни полиберални мерки, односно не е потребен ваков рестриктивен пристап, бидејќи не ја разбирам целта на овој рестриктивен пристап ако следниот ден немаме никакви мерки. Кога и понатаму би продолжиле со истиот пристап, тогаш да можеби би имал некакво разбирање, но ако вие воведете карантин 58 часа, а следниот ден заборавите дека воопшто постоел тогаш не ја гледам исходноста на една таква постапка. Да бидам јасен и прецизен не ја поддржував ниту за Велигден ниту ни сега.

Прашање: Дали мислите дека почнавте кампања под мотото „Летувајте во Македонија“ со вашите носители?

Одговор: Повторно ќе се обидам да бидам внимателен во коментарот тоа би требало по логиката на нештата да го почне со кампања владата. Да летуваме во Македонија, на македонските планини и езера, во македонските села и градови, да ги посетуваме итн, бидејќи таков тип на кампањи соседни држави ги прават владите на тие соседни држави. За жал, кај нас нашата влада е посветена по други работи, по друг тип на уредби, по друг тип водење политика по друг тип на напади и слично, наместо да биде посветена на вакви работи, ако сме за тоа обвинети слободно нека не обвинуваат затоа што си ја сакаме Македонија и затоа што сакаме да ги помогнеме македонските хотелиери, да го помогнеме македонскиот туризам и практично да и помогнеме на Македонија. И ние ќе продолжиме со таа наша кампања, повторно да ја запознаеме македонската јавност дека имаме прекрасни планини, прекрасни езера, прекрасни низини, котлини, села, градови и да ги повикаме македонските граѓани летните одмори наместо да го поминат надвор од државата, да го поминат тука во државата.

Последни новости