fbpx

Прес конференции

Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата Диамед

 Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски– портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Венко Филипче и Ден Дончев важат за едни од најблиските луѓе и соработници на Зоран Заев.

Истите двајца Ден Дончев и Венко Филипче се замешани во безброј скандали и афери, но еден од најкоруптивните случаеви на оваа Влада што ги поврзува и двајцата е случајот РЕКЕТ 2, случај преку кој изнудувале пари од фирмата Дијамед.

Јавното Обвинителство потврди дека против Ден Дончев се води истрага и има поднесено кривична пријава.

Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата „Дијамед“. Замислете, Ден Дончев, изрекетирал од фирмата Дијамед 824.000 евра, само за да им ги врши навремено исплатите коишто законски им следуваат на оваа фирма која се занимавала со дијализа.

Зошто јавноста откако дозна за овој случај, со право го поврзуваше и Зоран Заев како дел од овој рекет? Затоа што човекот кој ги земал парите од фирмата Дијамед и ги разнесувал, бил истиот што е осуден веќе во случајот Рекет 1 каде што ги зема парите во Луј Витон торбата.

Очигледно главата на октоподот Зоран Заев, еден ист човек користел за собирање на рекетот од бизнисмените.

Истите Ден Дончев и Венко Филипче се обидоа насилно да спречат продажба на фирмата „Дијамед“ на странска компанија, бидејќи биле свесни дека нема да можат понатака да рекетираат компанија од ЕУ и ќе бидат разоткриени, а понатаму и ќе одговараат.

824.000 евра е сумата којашто Ден Дончев ја изрекетирал потенцирам од фирмата Дијамед, за да истиот Ден Дончев исполни обврски кои му налага законот како директор на Фондот за здравство. Ова се докази кои веќе се во обвинителството и за кои се води постапка и веќе и јавноста е запознаена преку медиумите, од ова нема бегање.

Знаејќи го сето ова Зоран Заев, уште јавно вели дека Ден Дончев се повлекува од приватни семејни причини, бидејќи мора да се сели во Австралија, земјата од каде што дојде да работи тука. Со ова Заев однапред ни најави кој му е следниот планиран чекор на Ден Дончев откако ќе се отворат границите.

Коруптивноста и криминалот се главната работа којашто ја извршуваат функционерите на СДСМ. Три години ништо друго не прават единствено се занимаат со криминал и корупција, но не да спречат туку самите да реализираат.

За овој криминал мора да одговараат и тоа веднаш штом Заев си замине и ги ослободи канџите од правосудството.

Новинарски прашање: Господине Арсовски дали е можен компромис меѓу власта и опозицијата за одредување можен датум за предвремените парламентарни избори? Дали очекувате нова лидерска средба на која консензуално ќе се одреди термин за изборите? Дали има неккакви контакти со власта за избори, кога би била наредната лидерска средба и дали за ВМРО-ДПМНЕ би бил проифатлив датум за избори во јули?

Одговор: Сето ова е можно доколку има приближување на ставовите, од една страна имаме рационални ставови во однос на организирање избори коишто се пласирани од нас како ВМРО-ДПМНЕ,со кои што се согласуваат граѓаните. Од друга страна имаме ставови коишто се небулозни, конфузни од страна на СДСМ и коишто се единствено во насока во обид да ја спасат и онаа криминална кариера на Зоран Заев. Во моментов нема брибижување на ставовите, но како што реков доколку има приближување на ставовите сето ова е можно, за нас како претходно така и во моментов е важно да се  почитува здравјето на граѓаните, затоа што само во вчерашниот ден има четворица мртви и 19 заболени што н укажува на стивнување на пандемијата, што укажува дека не може ни да ја контролираат пандемијата, оваа влада предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски и Венкоп Филипче. Така да  конфузни се и единствено што ги интересира е личниот интерес. За нас најважно е здравјето на граѓаните и  избори во прв момент да с ереализираат кога ќе има услови, кога и да има избори ние ќе победиме, но за да има избори најважно е здравјето на граѓаните.

Новинарско прашање: Зоран Заев вчера имаше изјава дека ако треба ќе каже дека од Кина коронавирусот само за да се  оди на избори, ваш коментар за истото?

Одговор: Зоран Заев знаеме дека не е виновен за носење на коронавирусот од Кина, но очигледно периодов имал време да поработи на сарказмот, но еве го повикуваме да го остави сарказмот за некои други времиња  кога навистина ќе му треба да се насмее. Зоран Заев не е виновен за носењето на коронавирусот од Кина но е виновен за многу други работи како тендери, скандали, корупција итн. За што и ќе одговара, потребна во моментов ни е сериозност наместо сарказам, затоа што ова е сериозно време каде што секојдневно гинат луѓе, а не да си поигрува со луѓето и чувствата на сопствените граѓани со ваков сарказам. Целата ситуација упатува на сериозност, а таа вели дека треба да се работи малку посериозно на целата ситуација, да не се расфрла со саркастични изјави и најважно во моментов е здравјето на граѓаните, бидејќи согледувајќи ги секојдневно параметрите на бројка на луѓе кои умираат од коронавирусот и новозаболени тоа упатува дека во моментов најважно е здравјето на граѓаните и да се стиши оваа пандемија, а не да се врши спас на кариерата на Заев што практично е невозможно.

Последни новости