fbpx

Интервјуа

Заев повторно измислува датуми, бара алиби за нов пораз на парламентарни избори

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, шверцерското спречување за гласање доверба на Владата, како и во однос на очекувањата за наредниот период и формирање ново парламентарно мнозинство.

Јанушев истакна дека онаа случка во четвртокот не говори дека ВМРО-ДПМНЕ е губитник од тој чин, туку напротив дека е храбро да повлече таков чекор и да се спротивстави на хибридниот режим. Тој додава дека покрај ВМРО-ДПМНЕ, на истиот пат се и другите опозициски политички партии кои се решени да ги развластат Заев и Ахмети.

Владата на Зоран Заев е делигитимирана на изминатите локални избори, а тоа што Заев се плаши и сега чука по туѓи врати за пратеници, само говори за стравот кој го има кај него и неговите сопартијци. Алтернатива не беше категорична во ставот за поддршка на власта, но не можеме да ја исклучиме ни таа опција. Сепак на крајот од денот сите опозициски партии се сплотени за падот на Зоран Заев и Али Ахмети, истакна Јанушев.

“Зоран Заев не сака да се распишат предвремени парламентарни избори и бара алиби за добивање на датум во декември, но тоа е уште една несериозна и нереална проекција на Зоран Заев. Факт е дека парламентарни избори се потребни и тие мора да се случат по 100-те дена техничка Влада, а потоа да се формира нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе ја дигне од пепелта Република Македонија”, вели Јанушев.

Македонскиот народ заслужи Република Македонија конечно да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, но ЕУ не е толку слаткоречиво како Зоран Заев и Никола Димитров, бидејќи општеството е корумпирано и не функционира согласно европските вредности и принципи. Главен виновник за ваквата позиција на државата е Зоран Заев и врхушката на власт, заврши Јанушев.

Последни новости