fbpx

Интервјуа

Доста е со поделбите што ги прави власта, тие нека останат во минатото, ние ќе донесеме иднина за сите сегашни генерации

 „Она кое што се обидовме да го расчистиме уште при нашата прва средба и со Зијадин Села и со Африм Гаши е дека оваа наша различност треба да биде наша предност и да не обедини“,истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.


Мицкоски додаде дека токму тоа обединување е за подобро утре на сите граѓани на Македонија.

„Ние сите сме се родиле во оваа наша Македонија, тука сме поминале многу убави моменти, сме се радувале, имало и моменти кога сме тагувале, и најверојатно сите ние нашите животи тука ќе ги завршиме во наша Македонија. Но, прашањето е што ќе оставиме позади нас. За тоа јас нема да се вратам и да се спуштам на тоа ниво како што тоа го прават нашите политички противници. Туку само ќе дадам одговор едноставен дека ги разбирам, ги жалам, но не можам да ги оправдам. Тие нека останат во минатото, а ние ќе ја градиме иднината, иднината за нашите деца и внуци“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека мотив и цел на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива е градење на подобра иднина за идните генерации.

„Секој еден граѓанин во Македонија без разлика дали е политички определен или неопределен, треба да ја стави раката во својот џеб и да види дали во него има повеќе пари сега или пред пет години. Секој еден граѓанин денеска треба да погледа и да види дали неговото дете добива поквалитетно образование сега или порано. Секој еден граѓанин треба да ја види скалата на „Транспаренси Интернешнл“ и да заклучи дали 111-тото место е тоа место кое што го заслужува нашата Македонија и квалификацијата најкорумпирана држава во Европа. Секој еден граѓанин повторно не сакам да звучам морбидно треба да ги слушне оние крици од пред две недели од модуларната болница во Тетово и да донесе заклучок кому ќе ја даде довербата. Секој еден граѓанин треба да ја види скалата на луѓе кои што за жал го загубија животот од КОВИД пандемијата и да заклучи дали ќе го даде гласот на овие кои што ставија државата со најголем број на починати лица од КОВИД пандемијата или некои нови луѓе кои што нудат поинаков пристап“, заклучи Мицкоски.

Последни новости