fbpx

Интервјуа

Мицкоски: Не се трудам да им се допаднам на СДСМ, туку крваво работам да покажам дека Македонија има сила за промени и подобар живот

Не се трудам да им се допаднам на СДСМ, туку крваво работам за да покажам дека Македонија има сила и промени и подобар живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш„ на Алфа телевизија, одговарајќи на кампањата која СДСМ ја води против него.
- Власта четири години води кампања против мене, започнаа дека сум бил слуга на Мијалков и Груевски, па потоа едното име исчезнуваше во соопштенијата на СДСМ, остануваше само Груевски, сега ни Груевски не е па викаат антизападниот Мицкоски. Но јас не работам да им се допаднам на нив. Јас сакам да покажам дека оваа Македонија може да го живее оној сон кој јас го сонував за нејзе. Не треба да им се допаднам на СДСМ, но знам крваво да работам и досега во животот кога сум работел нешто сум сработил. Тоа сакам да го покажам, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека сака да покаже дека можело поинаку, луѓето да се гордеат со државата да кажуваат од каде доаѓаат и за што доаѓаат.
- Не е ова место каде треба да владеат срамот, понижувањата и криминалот, и дека главен бизнис треба да биде нивата со марихуана. Ова треба да биде место каде ќе зборуваме за дигитализација, за вештачка интелигенција, за роботика, за реформирано образование, за квалитетен здравствен систем, за ослободени од стегите обвинители и судии, каде ќе имаме мотивиран одбранбен систем, среќни земјоделци, млади кои се враќаат, инвеститори кои доаѓаат, квалитетен и образовен млад кадар, нагласи Мицкоски. 

Последни новости