fbpx

Интервјуа

ВМРО-ДПМНЕ спрема нови и професионални кадри за градоначалници се работи на програма во интерес на граѓаните

Тимчо  Муцунски пратеникот  и меѓународниот секретар на  ВМРО-ДПМНЕ кажа дека изненадувањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори ќе бидат нови одлични кадри како за градоначалници така и за советници во општините.

Тој потенцираше дека тие кадри и кандидати се луѓе кои се докажани во своите области на дејствување и се докажани во општеството.

Нашите изненадувања ќе бидат во делот на кадрите очекувам многу нови кадри луѓе кои што се дел од партиските структури долги години  а секако се и професионалци во своите области  на дејствување но секако не е исклучена ни можноста за вклучување на поединци кои што се надвор од нашата политичка  партија докажани во општеството како кандидати за градоначалници така како и кандидати за советници во општините, рече Мицкоски.

Муцунски појасна дека ВМРО-ДПМНЕ работи на програма за локалните избори која ќе биде во корист и од интерес на граѓаните и сето она што недостасува во овие 4 години од кога СДСМ ја има апсолутната власт.

Очекувам да имаме една програма која што е во извесна подготовка насочена кон обезбедување на повисок квалитет на јавни услуги тоа што суштински недостасува на граѓаните во овој период на веќе подолг период на скоро апсолутна власт на СДСМ на локално ниво и многу проекти насочени кон заштита на животната средина подобра урбана инфраструктура борба против урбаната мафија сето тоа се аспекти кои што ќе бидат покриени во нашата програма и токму таа симбиоза помеѓу одлични кандидати за градоначалници  и советници заедно со една квалитетна програма очекуваме да биде победничкиот инпути кој што ќе донесе на крајот од денот јас би рекол помалку релевантна е победата ан ВМРО-ДПМНЕ порелевантно е граѓаните да добијат градоначалници и советници кои што ќе работат во насока на решавање на нивните тековни проблеми, кажа Мицкоски.

 

Последни новости