fbpx

Интервјуа

 Распродажбата на државното земјоделско земјиште е системско уништување и распродавање на Македонија

Никогаш нема да дојдат инвестициите кои што ги ветуваше Зоран Заев. Ветуваше од 2017тат година стотици, илјадници вработувања, но кажете ми една инвестиција која што тие сами ја имаат испреговарано , ја имаат направено од самиот почеток и имаат сечено лента. Нема таква, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во Заспиј ако можеш на ТВ АЛФА.

Во однос на законот за продажба на земјоделско земјиште каде што е предвидено распродажба на 50.000 хектари земјоделско земјиште по цена од 0.20 центи до 1 евра Арсовски посочи дека тоа е сулудо и надвор од памет, односно како што рече тоа е системско уништување и распродавање на Македонија.

Некаде околу 50.000 хектари чинам требаше да се продадат по 0.20 центи и 1 евро и на тој начин да се приберат околу 300 милиони евра во Буџетот. Па видете вие да ја распродадете вие плодната почва на Република Македонија, национално богатство да распродадете за минорни 300 милиони евра тоа навистина е сулудо  и надвор од памет. За што? За утре тие 300 милиони евра да ги искрадат  од државата а голем дел од тие парцели да ги купи семејството Заеви. Тоа ли е планот? Тоа е системско уништување и распродавање на Република Македонија, истакна Арсовски.

Со почит,

Последни новости