fbpx

Интервјуа

Најдобрата работа примарно што може да му се случи на македонското образование е оставка на Царовска

„Како некој чија што професија и работа е во образованието, јас би кажал дека прво дека е потребно промена на образованието, тоа е континуиран процес, постојано ќе биде во процес на реформа. Но, што е потребно, ајде да констатираме прво што е потребно. Прво е потребно промена на физичката инфраструктура која што ја има во нашите училишта во нашите универзитети. Срамно е кога ќе влезете во самите простории во кои што изучуваат нашите деца и работат, но и каде што треба достојно да работат нашите наставници и професори. Дополнително, потребно е инвестирање во дигитална инфраструктура во училиштата, во универзитетите. Потребно е да ги подобриме платите на просветните работници кои што се субстандардни, да ги мотивираме тие луѓе квалитетно да работат. Секој човек заслужува да работи во соодветни услови за работа, но и да има пристојни примања посебно земајќи во предвид  улогата што ја има во нашето општество – едукација на млади луѓе“,истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Муцунски додаде дека и во таа смисла ако се погледнат сите овие реформи кои му се неопходни на образованието за да функционира нормално, власта носи анти реформи кои што не го подобруваат образовниот систем.

„Се наметнуваат радикални идеолошки гледишта од министерот за образование кои патем ниту по своето професионално искуство има некаква врска со образованието, ниту по своето образовно искуство има некоја врска со образованието. Јас за тоа го кажав тоа пред неколку дена при посета во Ѓорче Петров дека најдобрата работа примарно што може да му се случи на македонското образование е оставка на министерката Царовска, и оставка на тој тим околу нејзе кој веројатно таму има луѓе што или ја убедуваат дека ова се квалитетни реформи или не знаат да кажат „НЕ“ на фактот дека ова се неквалитетни реформи“, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека потребна е стратегија како да се реформира образованието по правилен терк.

 

Последни новости