fbpx

Интервјуа

Датум за отпочнување на преговори со ЕУ нема бидејќи со СДСМ имаме уназадување секаде, а напредок никаде

„Македонија, датумот за преговори односно за отпочнување на преговори, колку и да сака власта да го прикаже како своја заслуга, позитивната препорака треба да ги потсетиме дека првата позитивна препорака за отпочнување на преговори се случи во 2009-тата година. Значи тоа е пред повеќе од 10 години. Македонија заслужувала, исполнувала критериуми да отпочне преговори, но што се сменило во последните три – четири години за да не приближи до членство во ЕУ, јас напротив мислам дека имаме тенденции и феномени кои што не оддалечуваат со усогласување на оние највисоки стандарди кои што ги има ЕУ“,истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Муцунски посочи дека амбасадорите од земјите членки на ЕУ гледаат и следат во каква ситуација се наоѓа Македонија со оваа власт.

„тој процес на европеизација на општеството ние не го правиме заради тоа што тоа го посакува и во интерес на некои вработен во ЕК во Брисел или некој вработен во некоја служба во некоја од земјите членки, ние тој процес го правиме за нас, бидејќи тие стандарди, постигнувањето на тие стандарди во секоја една област која што ги предвидуваат се најдоброто нешто за нашите граѓани. Тие заслужуваат да живеат во општество кое што ќе биде усогласено со такви високи стандарди. А, оваа Влада е само декларативно во насока на тие заложби, во пракса кога ќе погледнете во било која област со усогласување со правото на ЕУ ние немаме конкретен напредок“, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека граѓаните немаат почувствувано позитивни промени во администрација, дигитализацијата во јавниот сектор. Со власта имаме уназадување секаде, а напредок никаде.

 

Последни новости