fbpx

Интервјуа

Не е нормално кога се има сериозни индиции за сторен криминал, обвинителството да ги премолчува

„Очигледно е дека обвинителството за организиран криминал е во дослух со систем на организиран криминал, односно не може да се справи или пак не е на висината на задачата да ги реши предизвиците кои што ги има од состојбите кои што ги предизвикуваат политичари на високо ниво. И тие излегуваат пред камери, искрено се однесуваат како сето тоа да е нормално. Не е нормално да се бара рекет од 250.000 евра на компанија која што добила тендер, и тоа треба да се истражи. Не е нормално да се злоупотребуваат европски фондови за лични интереси на директор кој што сега не знаеме ни каде е госпоѓата Димова. Да не ја заборавиме снимката која што ја видовме од господинот Дончев каде што по снимката може да се види дека се работи за господин кој што земал мито. И не е во ред таквите сериозни индиции за сторен криминал, обвинителството постојано да ги премолчува со надеж дека нова вест од нов ден ќе ја подзаборави темата. И за тоа е потребно ослободување на овој систем заробено правосудство“,истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Муцунски додаде дека и последниот Извештај на Стејт департмент се нотира фактот дека постои спрега помеѓу политичката власт и правосудството и тоа води кон висока корупција.

 

Последни новости