fbpx

Интервјуа

Со СДСМ на власт тренд стана да имаме секојдневни корупциски скандали, за кои истражните органи молчат

„Навистина е загрижувачки тоа што се случува секојдневно, и ние ако следиме веќе месеци наназад јас би рекол на секоја недела има некој ваков вид на застрашувачки скандал во нашето општество, корупција од највисоко политичко ниво и постојано истите луѓе ги гледаме дека се вмешани. Но, тоа што исто така еден дополнителен тренд е да имаме тренд на секојдневни корупциски скандали кои што се финансиски во обем кои што за нашите граѓани се незамисливи, за цел живот да ги заработат, а некој можеби за еден ден ги заработил тие средства, е степенот до кој што нема одговорност за сите овие скандали, а истовремено е загрижувачки фактот што овие скандали најчесто ги објавува опозицијата или некогаш одредени медиуми. А, од власта, од истражните органи, од тие што имаат одговорност да се борат против високата корупција има само молк“, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Муцунски посочи дека според власта Македонија е Шведска, молчат за криминалот и корупцијата, мислат дека граѓаните не забележуваат ништо.

„Најголемиот проблем е очигледната спрега помеѓу политичкото лидерство и системот на јавно обвинителство, а би рекол и целото правосудство и одредени судии во системот. Што се случува? И денешниот пример, односно тоа што го гледаме од доказите кои што беа приложени имаме фактичка ситуација во која што е очигледно дека во рамките на таа спрега помеѓу МВР и ЈО имало промена на записник и промена на имиња во записник. И постојано има еден тренд со некој нов скандал има надеж од системот дека ќе се заборави претходниот скандал. Не за џабе, не само што ние зборуваме како опозиција, не само што критичките медиуми кажуваат, и граѓаните го чувствуваат сета таа неправда и сета таа корупција. Но, најрелевантните меѓународни институции ни кажуваат на тоа дека Македонија е корумпирана земја“, појасни Муцунски.

Муцунски додаде дека Македонија никогаш до сега не била толку лошо рангирана според меѓународните институции како сега од кога СДСМ и Заев се на власт.

 

Последни новости