fbpx

Интервјуа

Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што Шилегов и СДСМ го дозволуваат

Владимир Нелоски претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер вели дека мора да се стави ред на градежното дивеење кое што локалната власт и градоначалниците на СДСМ го дозволуваат во Град Скопје.

Нелоски истакна дека кога се гради тоа треба да се прави според  долгорочен план, а градењето на згради треба да биде сразмерно со парковите и зеленилото, со градење на градинки и слично, се со цел да се задржи квалитетот на живот на граѓаните.

Мора да се стави ред на градежното дивеење кое што во овој момент го има. Мора да се стави крај бидејќи на секој чекор никнуваат згради и треба да се направи некој план кој што долгорочно ќе се знае каде, што, колку и како ќе се гради. Ние во Скопје имаме една аверзија кон самата градба, но градот мора да се развива, а тоа пред се треба да биде плански направено, рече Нелоски.

Нелоски потенцираше дека моментално во Скопје никнуваат згради како наполитанки без да има план за водоводна мрежа без услови за градинка и дека ваквиот градежен хаос кој го дозволува Шилегов и  градоначалниците на општините од страна на СДСМ  мора да сопре.

Пред да се гради да видиме каде и колку има потреба од градинки, од водоводна мрежа. Ние во овој момент гледаме згради како никнуваат како наполитанки,  значи 10 згради една до друга од 8 до 10 ката без терен за водоводна мрежа без да има услови за градинка и слично, објасни Нелоски.

 

Последни новости