fbpx

Интервјуа

Поскапувањето на струјата влијае врз зголемување на инфлаторната стапка, ВМРО – ДПМНЕ протестираше и укажа дека ќе има полош живот

 

Во Дневникот на ТВ Сител гостуваше Гордана Димитриеска  Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ,  која кажа дека очекувано е стапката на инфлација да расте поради одлуката на власта за поскапување на струјата за кое ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати имаше протести. 
Имено, Димитриеска Кочоска истакна дека одлуката на власта за поскапувањето на струјата во ек на пандемија е се само не разумно и сега се гледаат последиците кои ги чувствуваат граѓаните, а тоа е лош живот, низок стандар и покачени цени.

-За првите 4 месеци стапката на инфлација е 2,2 % во однос на минатат  година или 2,7 % само  во април. Европската комисија исто така констатира дека имаме повисока стапка на инфлација која што во еден дел или една четвртина се должи на поскапувањето на цената на струјата. Цената на струјата е многу голем трошок за домаќинствата и заради тоа ние уште и кога ги правевме протестите сметавме дека нели тоа е надвор од разумно носење на таква одлука затоа што за поскапување на цена на стуја во услови кога имаме корона криза однонсо после месото која што е најголемата трошочна ставка или најмногу го оптеретува буџетот на едо домаќинство доаѓаат житариците а потоа струјата и учествува со 7,3% во домашниот буџет кажа Димитриеска Кочоска.
 
Членот на извршниот комитат на ВМРО – ДПМНЕ Димитриеска Кочоска појасна дека поради таа одлука на власта за покачување на цената на струјата сега во државата имаме покачување на цените на производите а со тоа и поскап живот и дека празни се фалбите на власта за повисока просечна плата бидејќи инфлацијата ја “изеде“ таа повисока просечна плата. Димитриеска Кошоска дополни дека како резултат на тоа граѓаните на Македонија имаат само полош живот.
 
-Ние имаме поскап живот на населението во услови кога власта се фали дека имаме повисока плата но овие високи цени на некој начин нели ја изедоа таа повисока просечна плата и де факто ние имаме само полош живот на луѓето во Македонија, заврши Димитриеска Кочоска.
 
Со Почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости