fbpx

Интервјуа

Справувањето со корона вирусот е катастрофална, трчаа по провизии наместо по вакцини

 

Јас сум го коментирал тоа многу пати во минатото, ќе кажам и сега дека станува збор за една катастрофална ситуација во справувањето со КОВИД пандемијата. Но, не само со справувањето со КОВИД пандемијата, туку и вториот дел со справувањето со пандемијата, тоа е практично имунизација на населението и обезбедување навремено и континуирано снабдување на граѓаните со вакцини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Рома Њуз.

Практично ние сме држава која што има по глава на жител можеби на Балканот, а и во Европа најмногу заболени. Истовремено и луѓе кои што за жал го загубија животот, претпоставувам дека сме меѓу првите и на Балканот и во Европа. Податоците кои што ги анализираат ако не сме први, тогаш сме во првите три држави. Што само по себе говори дека оваа влада не само што не успеа на време да се справи со пандемијата, туку и дополнително го продлабочи проблемот и имаше поголем број наши сограѓани кои што за жал поминаа низ таа траума, рече Мицкоски и додаде:

Претходно не убедуваа дека не повеќе од 2.000 ќе заболат и неколку десетици ќе го загубат животот, но, видовме дека бројката на луѓе кои што се заболеа од корона се движи на 200.000, а луѓе кои што го загубија својот живот се околу 6.000. така што една многу лоша ситуација.

На прашањето како би се справила ВМРО-ДПМНЕ со пандемијата Мицкоски рече сосема спротивно од ова што го направи владата на СДСМ.

Сето ова што го кажав сега, ќе беше спротивно. Прво навремено ќе обезбедевме тестови, понатаму немаше да трчаме по Европа и светот по провизии туку ќе се боревме за вакцини плус. Немаше тоа да се случува во јануари оваа година, туку ќе се случуваше уште во септември, октомври кога сите влади на земјите кои што се грижат за своите граѓани отпочнаа да барат вакцини и да бев јас таму каде што е Зоран Заев сега прво што ќе направев ќе одев кај производителите на вакцини да најдам начин како македонската влада на македонската држава биде дел од тој производен процес и да обезбедам континуирано снабдување на вакцини, се разбира она население кое што сака да се вакцинира, зошто има и такви кои што нели не сакаат да се вакцинираат, дециден е Мицкоски.

Според него, целата ситуација со справување до КОВИД пандемијата е дебакл од страна на власта, укажувајќи дека граѓаните тоа го чувствуваат и поради тоа се гневни и нервозни.

Така што дебакл и тоа мислам дека го чувствуваат граѓаните. Граѓаните се гневни и нервозни и лути на ова наше секојдневие со справување со КОВИД пандемијата, објасни Мицкоски.  

 

Последни новости