fbpx

Интервјуа

Славески: Цените во Македонија и без Ковид ќе раснеа бидејќи СДСМ зголемуваше плати кога паѓаше продуктивноста во економијата

Дури и да не се случеше оваа пандемија што предизвика и пад на БДП односно влегување на Република Македонија во рецесија беше за очекување цените во Република Македонија да почнат да растат. Од едноставна причина што во изминативе неколку години Владата предводена од СДСМ водеше политика на агресивен притисок за зголемување на платите во економијата пред се во приватниот сектор, но и во јавниот сектор, истакна Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Славески додаде дека платите растеа со механизмот зголемување на минималната плата што повлекуваше и пораст на другите плати. Платите растеа во услови кога опаѓаше продуктивноста на трудот, продуктивноста во економијата.

-Нема тука мистерија, доколку повеќе трошите од она што произведувате со тек на време, со извесно задоцнување ќе дојдеше до ползечки раст на цените во економијата. Тоа ние економистите го предвидовме и укажувавме уште да речам 2018-тата година, 2019-тата година, појасни Славески.

 

Последни новости