fbpx

Интервјуа

 Власта предводена од СДСМ краде народни пари преку набавката на вакцините и патната инфраструктура низ државата

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Заспиј ако можеш" гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој се осврна на лошите владини политики, отстапките на власта во однос на националниот идентитет, како и криминалните афери кои што се случуваат на дневна основа. 

Во однос на набавката на вакцини, Јанушев потенцираше дека власта се обидела неколку пати да оствари материјална придобивка врз грбот на граѓаните, бидејќи власта ги обезбеди само провизиите, но не и вакцините кои се неопходни. Тој додава дека покрај кражбата на народните пари во набавката со вакцините, власта секојдневно краде народни пари преку изградбата на патната инфраструктура, која што во владеењето на оваа гарнитура чини тродупло од вообичаено.

СДСМ наместо да се потруди да испроектира и реализира некој нов проект, се кити со туѓи перја, односно се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, кои што не се способни ниту да ги довршат. Покрај тоа што не ги довршуваат проектите, крадат народни пари во нивната изградба. Тоа е апсолутно нон сенс, вели Јанушев.

"Фрапантно е тоа што споменуваат секојдневно некои нови проекти, а кога ќе ги прашате каде се изградени или пак до каде се, немаат одговор. Така е бидејќи тие и не постојат. Таков случај беше и онаа фотографија објавена од Петре Шилегов, каде што сакаше да се пофали дека сработил некоја улица, но фотографијата само покажа дека улицата е иста како и претходно. Тоа се тие манипулативни обиди", вели Јанушев.

СДСМ се познати по тоа дека не се способни да испроектираат или пак да реализираат нешто. Познати се по кражби, матни тендери, функционерски зделки, кои се врз грбот на граѓаните во време на пандемија.

Последни новости