fbpx

Интервјуа

Потребен е масовен протест од страна на родителите за да Македонија нема изгубени генерации поради несериозноста на Царовска

„Законот за дигитализација на учебници е повлечен веќе пред десетина дена на доработка во Влада. И најавено е дека ќе се врати со европско знаменце и пак тука би рекол дека ќе се злоупотреби знаменцето. Видете дигитализацијата на учебниците и она сето паралелно работење со Е- дневници и Е – учебници се воведе уште во време на ВМРО-ДПМНЕ. И како алтернатива се понуди дигитален учебник и класичниот учебник, а сега имаме најава за тргање на класичниот начин на учење на учебниците за целосна дигитализација на учебниците“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Здравковски додаде дека токму ова што го предлага Царовска е неизводливо и дури нелогично, за тоа што во Македонија имаме голем процент на луѓе кои што немаат основни услови за живот, имаме социјални случаи, имаме луѓе што немаат дури ни струја дома, немаат услови да ги исполнат сите оние барања кои што би ги наметнал новиот начин на учење со дигитализацијата. Со новиот начин кој што го предлага Царовска ќе се створи јаз помеѓу учениците.

„Од министерството велат дека ќе има модернизација и ќе има мултимедијални содржини, меѓутоа мултимедијални содржини на црно бела фотокопија воопшто не може ниту да се примени, ниту да се направи некако. Повторно ќе има голема разлика. Ние сме за дигитализација, како што кажав ВМРО-ДПМНЕ го започна тој процес меѓутоа како алтернатива, и добро е да се има, тоа е во препораките на ЕУ. Но ниту една земја нема, ниту најбогатите земји не се целосно со дигитални учебници“, истакна Здравковски.

Здравковски посочи според него не треба да се поддржува бојкотот.

„Мојот личен став е дека оваа година цел септември се изгуби, без никакво образложение, без ништо. Веќе имаме нови наставни програми, скратени наставни програми и мислам дека бојкотот не е најдобро решение, ова е мој личен став. Мислам дека бојкотот не е најдобра опција за тоа што знаеме и оваа година како се одвива наставата“, појасни Здравковски.

Здравковски додаде дека е потребен масовен протест од страна на родителите за да Македонија нема изгубени генерации поради несериозноста на Царовска.

Последни новости