fbpx

Интервјуа

ВМРО-ДПМНЕ континуирано ја подава раката на власта за што поскоро започнување на преговори со ЕУ, но поради инаетот на СДСМ граѓаните страдаат

 Утринава Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Утрински Брифинг“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја подава раката на власта со цел да се реши спорот со Бугарија и што поскоро започнување на преговори со ЕУ, но власта упорно ја одбива подадената рака. А, поради инаетот на власта граѓаните страдаат.

„Господинот Зоран Заев многупати кажа дека нема да има отстапки, па ние го видовме сосема спротивното. Така да јас не знам дали некој би можел да му верува на неговите зборови. ВМРО-ДПМНЕ континуирано во изминатиот период ја подава својата рака за помош кон преговорите за ЕУ и да ги искористи сите свои капацитети и можности и контакти кои што ги има. Но, од СДСМ гледаме сосема спротивна одлука, дека можат сами, дека знаат како, но еве го гледаме резултатот“, истакна Митева.

Митева посочи дека локалните избори се голем предизвик за ВМРО-ДПМНЕ и веќе се работи на тоа.

„Формиран е републичкиот изборен штаб, веќе ги предвидуваме и следните активности кои што ќе бидат на терен, за тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да го слушне гласот на народот. Верувам дека граѓаните во Република Македонија се доста свесни дека политичките партии треба зад себе да имаат лица кои што ќе имаат свој кредибилитет и ќе го дадат својот глас за определениот кандидат. Така да во следниот период ќе имаме активности за анкетирање на нашите кандидати, се надевам дека ќе го имаме најдобриот кандидат за повеќето голем број на општини и очекуваме победа“, нагласи Митева.

Последни новости