fbpx

Интервјуа

Заев од Струмица со „Едно евро за Вицето“, како модел на функционирање го пренесе на државно ниво, затоа државата е загушена во криминал

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, посочи дека моделот на криминално функционорање Заев од Струмица го пренел сега на државно ниво, па затоа државата е заглавена во криминал, како и тоа дека власта во Македонија е пример за скандали, корупција, афери и недомаќинско работење.

 

Власта одамна го изгуби тлото под нозете, нема контрола на никој врз никого во власта и одамна веќе не можат да се зауздаат одредени директори, министри, а тоа е така затоа што најтесното раководство на СДСМ се пример за скандали, корупција, афери и недомаќинско работење, кога таков пример даваат функционерите од СДСМ нормално е дека подолните ешалони пирамидално ќе земат погрешен пример и ќе работат на истиот начин, што не треба да биде така, вели Арсовски.


Арсовски вели дека граѓаните не треба да заборават дека Зоран Заев дојде на чело на СДСМ со истите криминални шеми, како градоначалник на Струмица, па се сеќаваме на случајот „Поткуп“, каде „Едно евро за Вице и едно евро за црквата“, до случајот со продажбата на „Глобал“, како и многу други примери каде негови фирми обавувале активности доделени од државата, така да тоа е еден модел на функционирање кој Заев го пренел на ниво на државата, вели Арсовски.


Арсовски посочи дека власта го изгубила тлото под нозете, како и дека криминалот доаѓа од Зоран Заев и СДСМ,а со нивното делување државата е загушена во криминал и затоа има падови на сите светски листи.

Последни новости