Во гостување во утринската емисија „ Утрински Брифинг“ пратеничката од редовите од ВМРО – ДПМНЕ Ангелина Петкова кажа дека ВМРО – ДПМНЕ смета дека односот на претседателот на собранието Џафери кон пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ е неадекватно и дека неговиот однос не е ист кон сите пратеници во собранието.
- Со ваквот однос на претседателот на собранието Талат Џафери сметаме дека има неадекватен однос кон сите пратеници во собранието. Тоа го кажувам затоа што еве да направам една компарација минатата недела имаше донесување на законот за Шар Планина национален парк кој што беше со собраниска седница два дена и беа пријавени повеќе говорници од страна на опозицијата а ми се чини дека само двајца говорници од страна на позицијата. Меѓутоа кога отидовме вториот ден на расправата одеднаш видовме дека има многу повеќе говорници пријавено од страна на позицијата. Кога се работеше за нас за нашите говорници за интерпелацијата на министерот Спасовски ние имавме пријавено 16 говорници и според спикерот рокот беше пробиен.Според ова сметаме дека неговиот однос не адекватен и не е подеднакво ист и не е е ист за сите пратеници во собранието појасна Петкова.
Пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Петкова потенцираше дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе настојува да поднесува интерпелации кои сите за кои смета дека треба да се преиспита нивното работење.
- За интерпалацијата ние во иднина ќе настојуваме да поднесуваме интерпелации кон сите оние за кои сметаме дека треба да се преиспита нивното работење а дали ќе поднесеме кон претседателот Џафери тоа ќе зависи од неговиот однос кон пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и кон самите пратеници кажа Петкова.


