fbpx

Интервјуа

Интервју на Златко Перински: Бетонизацијата го гуши Аеродром, граѓаните заслужуваат домаќинско и одговорно управување на општината

Златко, Аеродром е дел од градското живеење, и нераскинлив дел на градот Скопје. Аеродром се гради, но и сега е актуелно градењето во Центар кај Холидеј Ин, кое е твоето размислување за тој чекор, што е приоритетно за тебе?

Секој град треба да има динамика на развој, тоа не треба да се доведува под прашање, но тој развој мора да биде плански, и најважното со согласност на жителите кои се непосредно засегнати со тој план. Секое градење кое е во согласност со законите, еколошките барања, урбаните потреби и најважно во согласност со волјата на жителите кои веќе живеат на тој простор е оправдано, во спротивно се доведуваме во ситуација бетонизација која ја гуши секоја педа слобода на граѓаните. Затоа велам дека е исклучително важно да се прашаат граѓаните.

Дали може да се каже дека и Аеродром ја доживува на некој начин бетонизацијата за која говорите?

Секако дека да. Да не се разбереме погрешно,како што веќе споменав, секоја општина, секој град во Светот има свој план на развој, но поразително е кога гледате дека бетонизацијата некој премногу скапо ја наплаќа и ги полни приватните џебови, на сметка на комодитетот и живеењето на граѓаните. Треба да се сруши стереотипот кој постои за градоначалниците кои наместо po сработени проекти се препознаваат по бројката на станови кои ја спечалиле во еден мандат. Народот не треба да се потценува, и треба да се сменат работите. Аеродром има се помалку паркови, а се повеќе згради. Не можам да ја сватам потребата секоја педа парк да се стави во употреба на градежните апетити. Никако не треба да се дозволува инвеститорите да бидат тие кои ќе ги цртаат деталните урбанистички планови, туку ДУП-овите треба да се во функција на интересите на граѓаните. Има простор за градење доколку се планира просторот, но не треба да се чепкаат парковите и слободата на граѓаните.

Како ја оценувате досегашната работа на градоначалникот Марин?

Како незабележителна, недоволна и без план. Мрзеливоста не е само карактеристика на градскиот татко, туку и карактеристика за градоначалникот Марин. Проста е математиката, Марин потроши буџети во вредност од околу 70 милиони евра за 4 години, а аеродромци не видоа никаков бенефит. Бетонизацијата со урбанистичките планови кои ги планира општината, фингираните јавни расправи, како и приватните бизнис интереси кажуваат дека жителите на Аеродром ќе имаат се помалку простор за рекреација и разонода. Проблемот со паркинг простор останува исто така отворен особено во тесните грла на општината. Многу мачку се посветува внимание на урбанизација на населбата и селото Лисиче, додека заеднички именител е загадениот воздух. Знаете пред да биде градоначалник, Марин се удираше во гради дека ќе има мораториум за градење, велеа дека ќе го исчистат воздухот, и ред други работи. Сега на тоа заборавија, нема работа за која критикуваа, а која не ја повторија и не ја направија десетпати полоша од тоа што јавно негодуваа.

Аеродром стана позната по тоа што Градоначалникот ветуваше голф терени, звучи примамливо. Кој е вашиот коментар?

Голф теренот е последната работа на која Аеродромци би се сетиле, или која би ја побарале во услови кога има цела редица на проблеми кои се отворени и нерешени. На крајот Марин имаше 4 години да направи голф терен, но тоа не се случи.  Граѓаните да бидат внимателни бидејќи следува период кога политичарите како Марин ќе ветуваат се и сешто, но веќе знаеме дека неисполнуваат. Воедно идејата за голф терен е проследена и со низа скандали, кои се поврзуваат со финанскиски дубиози, како на пример тоа што се формираше претпријатие за Голф што значи посебен буџет, посебни вработување и повеќе пари за нешто што не е приоритет за Аеродром.На крај на ден базирана е на нездрава економска логика бидејки голф терените би требало да се градат во соработка со бизнис секторот,во услови на пандемија кога бизнисот едвај преживува,а планирано е преку спонзорства да се обезбедат 1,5 милиони евра за негова изградба. Еве јавно го прашувам колку компании најде кои се расположени да инвестираат во голф терените на Марин и која сума досега е обезбедена???

Во меѓувреме добро би било да се прочешлаат и јавните набавки во општината. Знаете само корпите за отпадоци на Марин вредат 300 евра, додека во другите општини се половина од таа цена. Една чешма чини над илјада евра, додека обрач за кош околу 20 илјади денари. Ваквото ситничарење покажува дека коруптивноста отишла до последните пори во работењето и тоа мора да запре и се искорени. Граѓаните очекуваат работа, а не грабеж.

 

Последни новости