fbpx

Интервјуа

Фактот дека ние влегуваме во политички, а не статистички процес е доказ каде заменик директорот на ДЗС има право на вето на резултатите од пописот

Вечерва во централниот дневник на Сител телевизија гостуваше Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија. Муцунски при своеото гостување посочи дека претседателот Пендаровски треба доста трензвено и професионално да постапи и да одлучи за прашањето попис.

          „Мислам дека претседателот ќе го потпише указот за законот. Но ние му препорачавме да се консултира со објективни со независни експерти кои што веруваме ќе ги дадат голем дел од забелешките кои што ние ги дадовме“, појасни Муцунски.

          Муцунски додаде дека тој како пратеник и ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис но како статистичка операција, а не како политичка како што ја предвидува СДСМ.

          „Ние мораме да бидеме свесни за два доста значајни фактори. Првиот е повразан со фактот дека ние во моментов имаме пандемија, актуелниов закон предвидува 5.000 попишувачи за два месеци од денес да се пуштат на терен и активно да ги посетуваат домовите на граѓаните. Но, дали со оваа епидемиолошка слика со фактот што нема В од вакцина, ќе се чувствуваме комотни кога луѓе кои што претходно посетувале безброј домови да ги посетат и нашите домови, домовите на нашите родители, при се уште неконтролирана епидемиолошка ситуација? Значи, логично е да направиме нешто, што направија многу поразвиени земји од нашата со многу поквалитетен одговор на здравствената криза, да го одложиме овој попис за следната година“, рече Муцунски.

          Муцунски го посочи и вториот аспект кој што е многу значаен, а тоа е начинот на кој што се предвидува овој попис. Во Македонија постојат соодветни дата бази со кои може да се спроведе електоронски попис. Електронски попис може да биде поверодостоен по резултатите, но и многу ќе е поевтин и поефикасен.

          „Фактот дека ние сега влегуваме во политички, а не статистички процес е доказ дека законот предвидува за заменик директорот на државниот завод за статистика има практично право на вето на резултатите од пописот. И ајде да си ја поставиме дилемата, ако ова е статистички процес врз што ќе стави вето заменик директорот на ДЗС“, запраша Муцунски.

          Муцунски рече дека потребна е сеопфатна дебата помеѓу сите политички субјекти и во консултација со големиот број на експерти да се дојде до реално одржливо решение. Со овој закон кој што го донесе власта за попис, единствено граѓаните нема да веруваат во самиот процес на попишување.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости