fbpx

Интервјуа

Власта спрема фалсификуван попис и затоа насила го турка законот со европско знаменце

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во „Филибастер“ на Радио Лидер истакна дека власта спрема фалсификуван попис и токму затоа го турка законот со европско знаменце иако тој нема допирна точка со тоа, и се крие методологијата за тоа како ќе се спроведуваат и анализираат резултатите од пописот и токму затоа не им одговараат амандманите кои ги одбива без да ги разгледа.

- Власта не ги одби амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, власта ги одби амандманите со коишто би се уверила јавноста дека резултатите од пописот се релевантни за бројот на резиденти во Македонија. Односно да се пребројат жителите во Македонија. Да бидам појасен, не се пребројува издадени државјанства од Република Македонија, туку бројот на жители во Македонија. Токму тоа треба да претставува статистичката операција попис, за да може да се планира понатаму да се прават политики базирани врз реалноста, каде што треба да се направи во иднина, изјави Стоилковски.  

Стоилковски потенцира дека се турка на сила Закон за попис кој не содржи главни карактеристики на сите закони кои би биле кредибилни, односно во овој закон изостанува методологијата на спроведување и на постпописните анализи кои ќе се прават од резултатите и власта ја крие методологијата како ќе се спроведува и анализираат резултатите

- Тоа упатува на само едно, на фалсификат. Ако ние немаме увид во методологијата која што се крие од јавноста тогаш, како нема да претпоставиме дека станува збор за исполнување на политички концесии за опстанок на оваа коалиција на власт.  Во ваков случај не доаѓа предвид признавање на резултати во кои нема да сме сигурни, вели Стоилковски.

Тој нагласи дека за да помине фалсификатот со пописот се турка да тој помине низ комисии кои не се релевантни во Собранието за ваков Закон, се злоупотребува европското знаменце, се турка по скратена постапка и се носи пред Комисијата за европски прашања.

Се турка со европско знаменце, а се турка амандман кој ќе значи прифаќање на работи кои што се однесуваат на Европскиот парламент, односно додавање на текст усвоен од ЕП. Ќе има по еден попишувач наместо двајца. Не се допрецизирани поимите, што е стан, место на живеење, жител Македонија нема реален попис од нејзиното осамостојување. Сите пописни податоци биле оспорувани, а вој пат беше шанса да се направи реален попис, кредибилен кој би бил признат од сите институции, а не само политички фактори, заклучи Стоилковски

Последни новости