fbpx

Интервјуа

Заев е антизападен политичар затоа што Македонија не стартуваше преговори со Брисел

Сервилната политика на Заев и ветувањата кои ги давал за да дјде на власт сега ја ипсорачуваат цената. Заев се поставува сервилно кон Бугарија и тоа е така зошто ветил. Бугарските политичари велат Заев ветил бришење на македоснкиот народ и јазик. ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш нема да го прифати, а не да преговараме, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

-Ние побаравме два пати лидерска средба, во март кога го презентирав документот, а владата го криеше тоа. И баравме лидерска по изборите кога зовре темата. Претседателот Мицкоски повторно предложи и беше одбиен. Тоа е така зошто Заев има нечесни намери. Тој излезе најголем антизападен играч затоа што Македонија не започна преговори со Брисел, рече Николоски.

Тој информираше дека на предлог на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред на Комисијата за надворешна политика денес во Собранието е точка со која се бара постигнување заеднички став во однос на Бугарија.

-Во комисијата за надворешни работи ќе се побараме да се изгради заедничка позиција по ставовите на Бугарија, треба да се поајавт и Заев Османи и Димитров, моја прогноза е нема да дојдат зошто ветиле нешто различно од зачувување на македонскиот идентитет, кажа Николоски.

Ако некој не ги почитува црвените линии во однос на надворешната политика го казнува народот на избори.

Опозицијата не може да биде одговорна, туку само да бара избори за да се спреќат штетните политики на актуелната власт, кажа Николоски.

 

Последни новости