fbpx

Интервјуа

Очекувано беше дека Заев ќе избега да разговара за клучните теми во државата

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во утринското гостување на телевизија Алфа зборуваше за лидерската средба која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а Заев не прифати.

-Кога работите би биле нормални и демократски во Македонија тогаш би било скандал, кога се работи на низа на скандали апсолутно дека ваков потег од феудалецот Заев апсолутно е очекуван, така што е еден во низата скандали кој што е очекуван како реакција, зошто, затоа што е побарано да се разговара за скандалите во кој што ја турка Македонија. Има една цела низа на проблеми, една цела низа на скандали, една цела низа на зафати кој што го осиромашуваат општеството каде и самиот Заев си го призна тоа кажа дека народот е сиромашен и затоа пропаднала таа половично реализирана мерка Викенд без ДДВ, истакна Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски порача дека очекувано било дека Заев нема да прифати да се разговара за она од што бега тој односно од клучните теми да се отворат и да се разговара за криминалот, за лошите зафати, за лошите андидржавни политки, за сите прашања во кои се повеќе и повеќе тоне општеството.

Последни новости