fbpx

Интервјуа

Локални избори во еден круг за заштеда на парите на граѓаните и отворени сме за разговори за промена на изборниот модел

Мислам дека треба да покажеме зрелост пред се како политичари, овие локални избори посебно делот на изборот на градоначалници да не трошиме пари во онака тешката економска состојба во два круга, некогаш може и повеќе од два круга ако има изборни нерегуларности. Мислам дека треба да заврши изборниот циклус посебно во делот на градоначалниците во еден изборен круг и тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони пари од граѓаните и истите тие милиони може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децава да можат да следат настава онлајн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во своето гостување укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно против една изборна единица и да се менува изборниот модел неколку месеци пред избори. Според него може сега да се седне и да се разговара за промена на изборниот модел

„Ние може сега да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел зошто да не биде пола-пола, да речеме да имаме 60 мнозински изборни единици и  една изборна единица која што ќе даде 60 пратеници, зошто да не зборуваме за 120 мнозински“, додаде Мицкоски.

„Јас зборував јавно на тема дека ВМРО-ДПМНЕ попис во кој што не е вклучен во изработка на закон или во телата не може да поддржи од проста причина затоа што комплетно игнорантскиот однос од страна на власта е најголем проблем во оваа држава“, истакна Мицкоски.

„Нас не ни е потребна операција на попис заради исполнување на било какви бројки. Нас ни е потребно операција за дефинирање на статистички параметри во државата“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако власта размислуваше стратешки и ако навистина работеше Македонија ќе имаше нови автопатишта, училишта и градинки.

„Отиде милијардата, прашање е дали ќе има нова милијарда. Да знаеше како треба да се искористат парите ќе имаше три нови автопати, и пругата ќе се направеше, и училишта ќе се реновираа, градинки ќе се реновираа и ќе имаше пари и за градежните компании“, истакна Мицкоски.

Последни новости