fbpx

Интервјуа

Ние сме Македонци од Република Македонија и тоа никој не може да го промени

Во вечерашното издание на емисијата на МТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на Изборната листа 2 Владо Мисајловски, кој зборуваше за предвремените парламентарни избори, како и за односите на Република Македонија со соседните земји.

Договорите кои владата предводена од СДСМ ги потпиша со Република Грција и Република Бугарија се капитулантски и поразителни. Со тие договори единствен губитник е македонскиот народ и Република Македонија. Иако долги години наназад многу владини гарнитури имаа можност да ги потпишат тие договори, сепак никој не се дрзна на такво предавство, се до моментот кога Зоран Заев и Никола Димитров посегнаа, вели Мисајловски.

“Јас лично бев инволвиран во преговарачкиот тим за договорот со Бугарија, во кои се договараа многу работи за добрососедски договор. Ние имавме неколку барања и постулати, кои ќе ги добиевме доколку бевме стрпливи и мудри. Еден од нив беше реципроцитет, односно дека Македонци постојат во Бугарија, вториот беше дека македонскиот јазик не е таков каков што е само откако е Уставот на државата, туку дека е македонски со векови наназад и еден од поважниет беше дека ние немаме заедничка историја, иако за некои празници можеби имаме исти дати”, вели Мисајловски.

Не може да се формираат комисии, ниту пак некој да се дрзне да зборува во име на целиот народ дали Гоце Делчев бил Македонец или не. Тоа не е предмет на дискусија, Гоце Делчев е Македонец и ништо повеќе или помалу од тоа.


Нашите предци биле Македонци, ние сме Македонци и ќе останеме тоа што сме. Никој не може да не промени и тоа нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да дозволи некој да го погази нашиот идентитет и покрај овие штетни договори кои СДСМ и Зоран Заев срамно ги потпишаа со соседните држави, заврши Мисајловски.

Последни новости